Малина

(Пренасочено од Малини)
Малина
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Ред: -{Rosales}-
Семејство: -{Rosaceae}-
Род: -{Rubus (малини и капини)}-
Вид: малина
Научен назив
-{Rubus idaeus}-
Linneus
Синоними

Cerasus avium

Малини, сирови
Хранлива вредност на 100 г
Енергија220 kJ (53 kcal)
11,94 g
Шеќери4,42 g
Влакна6,5 g
0.65 g
1,2 g
Витамини
Тиамин 1)
(3 %)
0,032 мг
Рибофлавин 2)
(3 %)
0,038 мг
Ниацин 3)
(4 %)
0,598 мг
Пантот. кис. 5)
(7 %)
0,329 мг
Витамин Б6
(4 %)
0,055 мг
Фолна кис. 9)
(5 %)
21 μг
Холин
(3 %)
12,3 мг
Витамин Ц
(32 %)
26,2 мг
Витамин Е
(6 %)
0,87 мг
Витамин К
(7 %)
7,8 мг
Минерали
Калциум
(3 %)
25 мг
Железо
(5 %)
0,69 мг
Магнезиум
(6 %)
22 мг
Манган
(32 %)
0,67 мг
Фосфор
(4 %)
29 мг
Калиум
(3 %)
151 мг
Цинк
(4 %)
0,42 мг
Други состојки
Вода85,8 g

Постотоците се приближно пресметани според препораките за возрасни лица во САД.
Извор: База за хранливост — USDA

Малина — долгогодишна листопадна билка, со грмушест или полугрмушест раст, со повеќегодишен корен и со едногодишни и двогодешни изданоци кои припаѓаат на семејството рози (Rosaceae), родот Rubus и има повеќе подродови.

Диви врсти и распространетост

уреди
 
Дива американска црна малина (Rubus occidentalis).
 
Дива европска црвена малина (Rubus idaeus vulgatus).
 
Малина во село Усје

Подврстата Idaeobatus е распространета во целиот свет и опфаќа околу 195 видови на малини. Во овој најголем подвид најважни се:

  • Црвена малина (Rubus idaeus)
  • Црна американска (купинолика) малина (Rubus occidentalis)
  • Пурпурна малина (Rubus neglectus)

Црвена малина опфаќа две подврсти:

  • Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.)
  • Американска црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.)

Малината се распростира во Азија, Северна Америка и Јужна Америка, Европа, јужниот дел на Африка и Австралија. Најмногу видови на малина потекнуваат од Азија а најмалку од Европа.

Европска црвена малина (Rubus idaeus subsp. vulgatus Arrhen.) е жбун кој расте во цела Европа и северозападниот дел на Азија каде што неговте гранки се воглавно трновити, а на кои се наоѓаат непарни листови со 3 или 5 листа, во вид на јајцест облик. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека толчникот е поголем од прашникот или еднакви со него. Плодот е темноцрвен со издолжен или топчест облик, кој претставува збир од 20 до 150 ситни плодови. Во Европа е воведено да се одгледува со култивирање во почетокот на 17-от век. Во Македонија, Србија и балканскиот регион, оваа дива малина може обично да се најде на ридовите, буковите и други видови шума, во близина на потоците и реките, на надморска висина од 600 до 1200 метри. Малината како билка бара доста светлина и влага[1]. Американската црвена малина (Rubus idaeus subsp. strigosus Micx.) најмногу е распространета во северниот и средиот дел на Северна Америка и во источниот дел на Азија. Плодовите на оваа малина се светлоцрвени и полуокруглести, а билките имаат бројни жлездани влакна. За разлика од дивата европска, оваа е потпорна на ниските температури.

Црната американска малина (Rubus occidentalis) најмногу е распространета во Севера Америка, и тоа во јужниот дел на Канада и северниот и средниот дел на САД. Црната малина е повеќегодишен буен жбун чии трновити гранчиња рачно се виткаат и го оживуваат врвот. Едногодишните гранки се зеленкасти или виолоетови, со непарен број на листови 3 или 5. Цветовите се двополни (хермафродитни) додека тучковите се пониски од прашникот или еднакви со него. Плодот е цврст, црн и полуокруглест кој има збир од 40 до 80 ситни полодови. Пурпурната малина (Rubus neglectus) распространета е најмногу во Северна Америка и типичен е природен хибрид помеѓу американските црвени малини и американските црни малини. Гранчињата личат на американска црна малина, која се витка и со тоа го оживува врвот, а плодот е темноцрвен, пурпурен.

Хранливи вредности на малината

уреди

Благите сочни малини се летен деликатес во северните региони со умерена клима. Освен плодот на малината кој се користи за џем, мармалад сокови, вино и колачи, листот на малината може да се користи за чај. Овој чај помога за намалување на крвниот притисок, а помага и кај парадентозата. Витамини, минерали, растителни влакна, флавоноиди, сето тоа го содржат малините и капините, кои освен што се вкусни, во својот состав има благотворно дејство при многу здравствени проблеми[1]. Исто така содржат биофлафоноиди, кои делуваат како силни антиоксиданси и го спречуваат создавањето на силни радикали. Ја зголемуваат апсорбацијата на витамнин Ц и помагаат во зачувување на колагенот.

Употреба

уреди

Плодовите од малината се слаткокисели, многу вкусни, ароматични и лесно варливи. Малината е десертно овошје, а плодовите можат да се користат како свежи и замрзнати, како и за обработка на: сок, сируп, вино, природен ликер, компот, слатко, џем, мармалад, сладолед, кандирано овошје, малина во прав и друго. Листот практично се користи само во народната медицина, медицина за испирање на усните кај воспаление на нејзините слузокожи, кај воспалување на грлото и против дијареата. Влегува во состав на многобројни мешавини за лечење на заболени кардио-васкуларни болести, желудникот и цревниот систем, менструални и хормонски пореметувања и авитаминоза. Исто така влегува во состав на мешавина за ткн. пролетно чистење на крвта. Листот од малината може да замени некој чаеви, како што се индиски, грузиски и руски.

Во многуте земји плодот се користи во научната медицина како средство за исфрлање на течностите, кај дијарејата и дермитат. Екстрактот од плодот делува против вирусот. Покрај тоа тој го активира панкреасот на лачање на инсулин па со тоа го намалува шеќерот во крвта. Се користи и во прехранбената индустрија.

Во последно време се истражува делувањето на малината во злоќудните заболувања. Востановено е дека елагинската киселина, која ја има многу во малината, спречува размножување на ќелиите рак. Превентивно дејство има и плодот и чајот од листот на малината (и другите јајцести овошја: јагода, капина и др.). Во терапијата на злоќудните заболувања малините не се лек и не можат да го заменат, но се добра заштита од тие болести.

Галерија

уреди

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „Капина – лек за крвта, храна за телото!“. Вечер. Архивирано од изворникот на 2017-09-07. Посетено на 2017-09-08.

Литература

уреди
  • Др Станиша А. Пауновић, др Петар Д. Мишић и др Асен С. Станчевић:Јагодасто воће, НОЛИТ - Београд, 1974.
  • Др Александар Шошкић: „Малина“, НОЛИТ - Београд, 1995.
  • Гостушки, Р: Лечење лековитим биљем, Народна књига, Београд, 1979.
  • Грлић, Љ: Енциклопедија самониклог јестивог биља, Аугуст Цесарец, Загреб, 1986.
  • Дјук, А, Џ: Зелена апотека, Политика, Београд, 2005.
  • Јанчић, Р: Лековите биљке са кључем за одређивање, Научна књига, Београд, 1990.
  • Јанчић, Р: Ботаника фармацеутика, Службени лист СЦГ, Београд, 2004.
  • Јанчић, Р: Сто наших најпознатијих лековитих биљака, Научна књига, Београд, 1988.
  • Којић, М, Стаменковић, В, Јовановић, Д: Лековите биљке југоистичне Србије, ЗУНС, Београд 1998.
  • Лакушић, Д: Водич кроз флору националног парка Копаоник, ЈП Национални парк Копаоник, Копаоник, 1995.
  • Марин, П, Татић, Б: Етимолошки речник, ННК Интернационал, Београд, 2004.
  • Миндел, Е: Витаминска библија, ФаМилет, 1997.
  • Мишић Љ, Лакушић Р: Ливадске биљке, ЗУНС Сарајево, ЗУНС Београд, ИП Свјетлост, 1990
  • Стаменковић, Во: Наше нешкодљиве лековите биљке, Тренд, Лесковац
  • Туцаков, Ј: Лечење биљем, Рад, Београд, 1984.