Мала Ваница
Мала Ваница или Мала Ванча (грчки: Κάτω Κώμη, Като Коми; до 1927 г. Κάτω Βάνιτσα, Като Ваница[2]) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 224 жители (2021).
Мала Ваница Κάτω Κώμη | |
---|---|
Поглед на селото | |
Координати: 40°12.587′N 21°50.598′E / 40.209783° СГШ; 21.843300° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Кожански |
Општина | Кожани |
Општ. единица | Елимеја |
Надм. вис. | 400 м |
Население (2021)[1] | |
• Вкупно | 224 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Рег. таб. | KZ |
Географија и местоположба
уредиСелото се наоѓа на источното подножје на планината Црвена Гора, околу 10 км од градот Кожани. Во близина на селото е Витивјанското Езеро, создадено во 1973 г. по изградбата на истоимената брана. Мала Ваница е сместенa на надморска височина од 400 метри.[3]
Историја
уредиВо Отоманското Царство
уредиВо XIX век Мала Ваница било грчко село во Кожанската каза на Серфиџенскиот Санџак.
Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900, во Мала Ваница живееле 109 Грци.[4]
Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Като Ваница (Κάτω Βάνιτσα) живееле 180 Грци христијани.[5] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 во Мала Ваница (Vancha Malo) живееле 140 Грци.[6]
Во Грција
уредиПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 231 жители. Нивниот број во 1920 г. се зголемил на 234.[3]
Во 1927 г., името на Мала Ваница му било применувано во Като Коми.[2]
Стопанство
уредиНаселението произведува жито, тутун и други земјоделски производи, Поради ограничените пасишта, сточарството е слабо развиено.[3]
Население
уредиЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 369 | 438 | 505 | 390 | 355 | 389 | 348 | 288 | 224 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Самоуправа и политика
уредиВо 1920 година, селото станало самостојна општина, а атарот на општината опфаќал површина од 8 квадратни километри.[3] Општината Мала Ваница била приклучена во општината Елимија во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани.
Селото припаѓа на општинската единица Елимеја со седиште во селото Гоблица, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Мала Ваница, во кој е единствено село.
Наводи
уреди- ↑ „Попис на населението од 2021 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 „Πανδέκτης: Kato Vanitsa -- Kato Komi“. pandektis.ekt.gr. Посетено на 2023-01-01.
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. I дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 319.
- ↑ „Makedonija. Etnografija i statistika - 2.47“. www.promacedonia.org. Посетено на 2023-01-01.
- ↑ Σπανός, Κώστας (2004), Η απογραφή του 1904 του Σαντζακίου (грчки), Θεσσαλονίκη: University Studio Press, стр. 520, ISBN 9789601212951 Занемарен непознатиот параметар
|заглавие=
(help) - ↑ Мишев, Димитар (1905). „La Macédoine et sa Population Chrétienne“ (PDF).