Македонски партизански бригади
Македонските партизански бригади или Македонски народноослободителни бригади (скратено МНОБ) го започнале својот процес на формирање со оформувањето на Првата македонско-косовска ударна бригада, на 11 ноември 1943 година.[1] Таа во средината на 1944 година била реорганизирана и поделена на де бригади, Прва македонска ударна бригада и Прва косовско-метохиска бригада.
Кон крајот на месец јули 1944 година, во Македонија делувале Прва, Втора, Трета и Четврта македонска ударна бригада, како и одредите: Азотскиот, Поречкиот, Тиквешкиот, Преспанскиот и Плачковичкиот партизански одред, сите под команда на ГШ на НОВ и ПОМ, со околу 3000 борци и старешини.[2]
По капитулацијата на Бугарија во септември 1944 година, ФШ на НОВ и ПОМ започнаа со засилено формирање на нови бригади и дивизии. По завршувањето на војната во Македонија, под команда на ГШ на НОВ и ПОМ имало 45.000 борци и старешини. Со воената реорганизација во Македонија биле укинати сите корпуси освен Петнаесеттиот македонски корпус кој се сремал да замине на Сремскиот формнт, а извесен број на бригади биле расформирани или реорганизирани. До почетокот на 1945 година во рамките на Македонската војска во поедини периоди дејствувале вкупно 45 бригади, од кои 31 пешадиска и 14 специјализирани: една коњичка, седум артилериски, една автобригада, четири инженерски, една бригада на КНОЈ и една работничка бригада, како и одделенијата за собирање на историска граѓа, за пиротехника, за врски, за санитет, ветерина, езерски и други единици.[3]
Список на Македонските партизански бригади
уредиОва е список на Македонските народноослободителни бригади: