Македонски институт за медиуми

Македонски институт за медиуми (МИМ) е невладина, непрофитна и непартиска организација која работи во доменот на медиумската политика, медиумската едукација и човековите права и граѓанскиот активизам. Организацијата е основана во 2001 година и е сè уште активна. МИМ работи и се развива како непрофитна и невладина организација, центар за професионализација на медиумите и континуирана доедукација на новинарите и медиумските професионалци во Македонија.

Историја уреди

На 26 Април, 2001 невладината организација Македонски прес центар, Данската школа за новинарство и Ирекс Промедиа го иницираа основањето на Македонскиот Институт за Медиуми (МИМ) како прв центар за обука на новинарите и медиумските професионалци во Македонија, во присуство на 73 медиуми и медуимски организации на основачкото собрание.[1]

Дејност уреди

МИМ им овозможува на медиумите и новинарите лесен и бесплатен пристап до медиумска литература, медиумски истражувања и анализи, најмодерни ресурси за професионална надградба и едукација, поддршка за нивните истражувања, како и можности за заеднички продукциски или истражувачки зафати.[2]

Обуки уреди

Професионалните новинарски обуки се заштитен знак на МИМ. Преку нив институтот го применува концептот на доживотно учење во меидумското образование.

Проекти уреди

Награда за најдобра истражувачка сторија „Никола Младенов“ уреди

Наводи уреди

  1. „Официјалната страница на МИМ“. Архивирано од изворникот на 2014-04-04. Посетено на 2014-03-25.
  2. Брошура „10 години МИМ“