Македонска транскрипција на тибетското писмо

Македонската транскрипција на тибетското писмо — македонска верзија на кирилизација на тибетското писмо. Овој систем на транскрипција за користи за предавање на тибетски имиња и топоними на македонски јазик.

Краток опис уреди

Тибетското писмо е абугида, што значи секој согласен знак има два гласа. Главните одлики на писмото се:

  • секој знак за согласка има два гласа: една согласка и гласот 'а'.
  • самогласките се пишуваат во вид на надредни знаци, немаат посебни знаци. Самогласките се пишуваат над, под, лево или десно од согласката.
  • согласните групи се пишуваат во вид на лигатури.

Македонска транскрипција уреди

тибетски МФА македонска транскрипција белешки
[ká] ка
[kʰá] ка Нема во македонскиот јазик. После 'к', во тибетскиот, има грлен призвук. Грлениот призвук, бележен со мало 'h' не се предава. Ова важи за сите подолни согласки со грлен призвук.
[ɡà/kʰà] га или ка Нема во македонскиот јазик 'ка' со призвук.
[ŋà] нга Гласот 'нг' се среќава во зборот 'Бангладеш' на пример.
[tɕá] ча Или мека 'ќа'.
[tɕʰá] ча Нема во македонскиот јазик 'ча' ('ќа') со грлен призвук.
[dʑà/tɕʰà] џа Или мека 'ча'. Нема во македонскиот јазик 'ча' со грлен призвук.
[ɲà] ња
[tá] та
[tʰá] та Нема во македонскиот 'та' со грлен призвук.
[dà/tʰà] да или та Нема во македонскиот 'та' со грлен призвук.
[nà] на
[pá] па
[pʰá] па Нема во македонскиот 'па' со грлен призвук.
[bà/pʰà] ба или па Нема во македонскиот 'па' со грлен призвук.
[mà] ма
[tsá] ца
[tsʰá] ца Нема во македонскиот 'ца' со грлен призвук.
[dzà/tsʰà] ѕа или ца Нема во македонскиот 'ца' со грлен призвук.
[wà] ва Нема во македонскиот глас /w/. Овој глас е ист со англискиот w.
[ʑà/ɕà] жа или ша Овие гласови се меки 'ж' и 'ш'. Нема такви во македонскиот, но многу слични се 'ш' и 'ж'.
[zà/sà] за или са
[ɦà/ʔà] 'а или а Грлен глас (мала пауза) проследен со 'а'.
[jà] ја
[rà] ра
[là] ла
[ɕá] ша Гласот 'ш' е помек во тибетскиот.
[sá] са
[há] ха Помека х.
[ʔá] 'а или а првата опција е грлен глас (мала пауза) проследен со 'а'.
[i] и
[u] у
[ɛ] е
[o] о

Тибетско писмо уреди

Тибетското писмо има 30 самогласки, познати и како радикали. Во прилот се дадени тибетските согласки и самогласки со транслитерација по Вајли и МФА.

Согласки уреди

ka /ká/ kha /kʰá/ ga /kà, kʰà/ nga /ŋà/
ca /tʃá/ cha /tʃʰá/ ja /tʃà/ nya /ɲà/
ta /tá/ tha /tʰá/ da /tà, tʰà/ na /nà/
pa /pá/ pha /pʰá/ ba /pà, pʰà/ ma /mà/
tsa /tsá/ tsha /tsʰá/ dza /tsà/ wa /wà/ (првично не била дел од писмото)[1]
zha /ʃà/[2] za /sà/ 'a /hà/[3]
ya /jà/ ra /rà/ la /là/
sha /ʃá/[2] sa /sá/ ha /há/[4]
a /á/

Самогласки уреди

a /á/ i /i/ u /u/ e/ɛ/ o/o/

Наводи уреди

  1. Старотибетскиот јазик немал глас /w/.
  2. 2,0 2,1 Во случајот на 'zh' и 'sh', 'h' означува палатализација.
  3. h или апостроф (’) често означува аспирација (призвучност).
  4. Буквата h означува безвучна грлена струјна согласка.

Поврзано уреди

Надворешни врски уреди