Отвори го главното мени

Мадарскиот коњаник е прабугарски релjеф, коj се наоѓа во североисточна Бугарија во близина на селото Мадара во Шуменската област. Од 1979 година е во Списокот на светското културно и природно наследство на УНЕСКО. Како пример за карпеста уметност од раниот Среден век нема аналогии во Европа. Релjефот е на 23 метри висина над теренот на карпа, висока скоро 100 метри. Составен е од обрнат кон десно коњаник, коj прободува лав со своето копје, а позади коњот оди пес. Бил изграден во почетокот на 8 век од бугарските канови во близина на првата бугарска метропола Плиска. Недалеку од коњаникот е изграден и пагански центар, за коj се предпоставува дека бил верскиот центар на Првото бугарско царство во предхристијанскиот период. Околу релjефот бугарските канови Тервел (695-721), Крум (796-814) и Омуртаг (814-831) ставиле натписи со историска содржина.[1]

Мадарски коњаник
Светско наследство на УНЕСКО
Мадарскиот коњаник
КритериумКултурен: i, iii
Навод43
Запис1979 (3то заседание)

На 29 jуни 2008 г. 25,44% од 1.058.473 вкупно гласачи го избраале за бугарски симбол, коj би бил ставен на идните бугарски монети на еврото.[2]

НаводиУреди

  1. Веселин Бешевлиев, "Първобългарски надписи", Издателство на Българската академия на науките, София, 1979, стр. 94.
  2. Страница на Националната кампания Българските символи.

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди