Магурска Пештера или Магурата (од 1942 до 24 октомври 1972 година позната како Рабишка Пештера) – пештера која се наоѓа во северозападниот дел на Бугарија, во близина на селото Рабиша, 25 км од градот Белоградчик во Видинската Област. Површината на пештерата изнесува 82,5 хектари, а просечната годишна температура е 12 °C.

Магурска Пештера
Пещера Магурата
Магурска Пештера
Пештерски цртежи во Магурската Пештера
Местово близина на селото Рабиша, Белоградчик
ОбластВидинска Област, Бугарија
Координати43°43′40″N 22°34′58″E / 43.72778° СГШ; 22.58278° ИГД / 43.72778; 22.58278

Цртежите во Магурската Пештера се многу слични со цртежите во Мечкината Пештера во Италија и тие цртежи се сметаат за најзначајни уметнички дела на европскиот доцен палеолитски период.[1]

Туристичките посети на пештерата ги организираат вработените во општината Белоградчик, а до 2012 година со пештерата раководел Министерски совет на Република Бугарија. Во 1984 година пештерата влегла во пробниот список на Светското наследство на УНЕСКО.[2]

Опис

уреди

Се проценува дека пештерата е стара 15 милиони години, а нејзината должина изнесува 2,5 км.[3] Влажноста на воздухот достига и 80%, просечната годишна температура на пештерата е 12 °C, освен една просторија во која температура е секогаш 15 °C. Пештерата е формирана на варовничкиот рид Рабиш, на надморска висина од 461 м.[4] Главниот дел на пештерата е поделен во шест комори со различна големина. Најголемата е наречена Арк, нејзината должина е 128 м, ширината 58 м, додека висината е 21 метар. Во оваа пространа хала се одржуваат музички концерти при прославите на Божик и Велигден. На 3 мај 1960 година, пештерата е прогласена за споменик на природата.

Фауна

уреди

Во пештерата се пронајдени коски на различни предисториски видови како што се пештерска мечка, пештерска хиена, лисица, волк, дива мачка и видра. Денес, жители на пештерата се скокачи (латински: Collembola), како и осум видови лилјаци: Rhinolophus ferrumequinum, Rhinolophus hipposideros, Rhinolophus euryal, шилестоушест ноќник, голем глувчоушест ноќник, мал глувчоушест ноќник, долгопрст ноќник и долгоушест ноќник.

Пештерски цртежи

уреди

Цртежите претставуваат важни случки на жителите на пештерата Магура: врски церемонии, ловечки сцени и прикази на божества кои се единствена на Балканскиот Полуостров. Цртежите на танци и лов се меѓу најзначајните во пештерата.[5] Во Магура се идентификувани повеќе од 750 слики,[6] кои се поделени во четири тематски групи: антропоморфни, зооморфни, геометриски и симболични.[7][8]
Заради зачувување просторот со цртежите е заграден.[9] Пред 1993 година пештерата не била заштитена и влезот бил бесплатен. Од тие причини, некои од цртежите се оштетени. Пештерата сега е отворена за јавноста во текот на цела година, но цртежите може да се видат само со присуство на туристички водич и плаќање надомест.

Галерија

уреди

Наводи

уреди
  1. „Bulgarian rock art: the Magura Cave paintings“. TRACCE Online Rock Art Bulletin. 19 ноември 2014.
  2. „The Magoura Cave with drawings from the bronze age“. UNESCO World Heritage Centre.
  3. Kassabova, Kapka (2008). Bulgaria. New Holland. стр. 115. ISBN 978-1-84537-564-5.
  4. Magura Cave. UnicArt Bulgaria. 2014. стр. 1.
  5. Stoev, Alexey; Maglova, Penka (2014). „Astronomy in the Bulgarian Neolithic“. Во Ruggles, Clive L. N. (уред.). The Handbook of Archaeoastronomy and Ethnoastronomy. New York: Springer. стр. 1377–1384. ISBN 978-1-4614-6140-1.
  6. Bahn, Paul G. (1998). The Cambridge Illustrated History of Prehistoric Art (1. publ.. изд.). Cambridge: Cambridge Univ. Press. стр. 108–109. ISBN 978-0-521-45473-5.
  7. Arcà, Andrea (19 ноември 2014). „Bulgarian rock art: the Magura Cave paintings“. TRACCE Online Rock Art Bulletin.
  8. „An excerpt of my Magura cave paintings study - The origin of the force“. kikowsky_eng. 1 ноември 2011. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)
  9. „Bulgaria Magura Cave Paintings Exhibited for First Time“. Novinite.com. 18 март 2009.

Литература

уреди

Надворешни врски

уреди