Магнетомоторна сила

Магнетомоторна сила - сила која ја произведува магнетното поле на електромагнетите.

Соленоид

Вообичаен симбол ѝ е Fm, а единица е ампер-намотка, одредена на основа јачината на струјата во една намотка на жицата. Бидејќи ампер-намотката не е единица дефинирана според СИ, често едноставно се користи ампер/метар.

Следната формула ја искажува јачината на магнетомоторната сила:

каде

  • е магнетомоторна сила во ампер-намотки,
  • N е бројот на намотки, и
  • I е струја во ампери.

Јачината на магнетниот тек низ некој материјал зависи од јачината на магнетомоторната сила и релуктансата на материјалот. Тоа може да се искаже со следната равенка:

Примери уреди

Треба да се најде магнетомоторната сила на електромагнет со N=5 намотки жица низ која поминува струја I=2 А.

  = 5 намотки• 2 A = 10 ампер-намотки.

Ако претпоставиме дека релуктансата на магнетното коло   = 40.000 ампер-намотки/Wb, магнетниот тек низ магнетното коло е:

  =   = 250 μWb.

Поврзано уреди

Литература уреди

  • Principles of Electric Circuits, 7th edition, Thomas I. Floyd, Prentice Hall, ISBN 978-0-13-098576-7, pp. 386–387

Надворешни врски уреди