Мавлет Алавдинович Батиров (руски:Мавлет Алавдинович Батиров) (роден на 12 декември 1983 во Касавјурт, Дагестан, СССР) — руски борач.

Олимписки медали
Натпреварувач за  Русија
Машко борење во слободен стил
Златен медал - прво место 2004 Атина 55 кг
Златен медал - прво место 2008 Пекинг 60 кг

На Летните олимписки игри - 2004, тој се натпреваруваше во категоријата слободен стил до 55 кг и го освои златниот медал.

Во април 2006, Мавлет на Европското првенство одржано во Москва го освои златниот медал во категоријата слободен стил до 60 кг.

На Летните олимписки игри - 2008 одржани во Пекинг, Мавлет настапи во дисциплината слободен стил до 60 кг и го освои златниот медал.