Лучишта

село во Костурско, Егејска Македонија
(Пренасочено од Лучишча)

Лучишта или Лутишта (дијалектно: Лучишча; грчки: Κερασώνα, Керасона; до 1927 г. Λούτιστα, Лутиста[2]) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во општината Рупишта од Костурскиот округ на Западна Македонија, Грција. Населението брои само 2 жители (2011), сите Македонци.[3]

Лучишта
Κερασώνα
Лучишта is located in Грција
Лучишта
Лучишта
Местоположба во областа
Лучишта во рамките на Рупишта (општина)
Лучишта
Местоположба на Лучишта во општината Рупишта и областа Западна Македонија
Координати: 40°21′N 21°13′E / 40.350° СГШ; 21.217° ИГД / 40.350; 21.217
ЗемјаГрција
ОбластЗападна Македонија
ОкругКостур
ОпштинаРупишта
Општ. единицаРупишта
Надм. вис.&10000000000000850000000850 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно2
Часовен појасEET (UTC+2)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Географија и местоположба уреди

Селото се наоѓа во областа Костенарија, на 25 км југозападно од градот Рупишта, во јужните пазува на планината Одре, на надморска височина од 850 м.[3]

Историја уреди

Во Отоманското Царство уреди

Во XIX век Лучишта било македонско село во Костурската каза на Горичкиот санџак. Селото се наоѓало на самата македонско-грчка етничка граница — на југ има само грчки (т.е. погрчени македонски) и влашки села.[3] Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Лучишта имало 90 жители, сите Македонци.[4][5]

Според Георги Константинов Бистрицки селото пред Балканската војна имало 20 македонски семејства.[4][6] На етничката карта на Костурското братство од 1912 г. Лучишта е означено како „грчко“ село.[7]

Во Грција уреди

По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога броело 126 жители.[3] Нивниот број во 1920 г. се намалил на 100. Во 1927 г. името на селото било променето во Керасона (Κερασώνα).

Селото силно настрадало во Граѓанската војна (1946-1949). Било нападнато од страна на организирани грчки вооружени банди и од војската.[3] Оттогаш наваму населението на селото бележи постојано намалување.

Стопанство уреди

Селото се смета за мошне сиромашно. Населението се занимава со земјоделството и сточарството.[3]

Население уреди

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 107 72 56 37 23 11 6 2
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика уреди

Селото припаѓа на општинската единица Рупишта со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Рупишта, во округот Костур. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Жиковишта, во кој влегуваат и селата Бухин и Жиковишта.

Личности уреди

Родени во Лучишта

  • Паскал Минов — гркомански андартски деец[8]
  • поп Стерјо — гркомански андартски деец[8]

Наводи уреди

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Λούτιστα -- Κερασώνα
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 3,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 30.
  4. 4,0 4,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  5. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 268. ISBN 954430424X.
  6. Бистрицки (1919). Българско Костурско (PDF). Ксанти: Издава Костурското Благотворително Братство „Надежда“ в гр. Ксанти. Печатница и книжарница „Родопи“. стр. 9.
  7. Костурско. Софија: Издание на Костурското братство. 1940.
  8. 8,0 8,1 Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 81. ISBN 978-960-12-1724-6.