Луциј Емилиј Павел (конзул 219 п.н.е.)

Луциј Емилиј Павел (починал на 2 август 216 п.н.е.) бил римски конзул во 219 и 216 година п.н.е. Ја предводел римската војска во битката кај Кана, каде бил и убиен.

БиографијаУреди

Павел своето прво конзулство го споделувал со Марко Ливиј Салинатор.[1] За време на неговиот прв мандат го поразил Димитриј Фароски во Втората илирска војна и го принудил да побегне на дворот на Филип V Македонски.[2] По враќањето во Рим, бил награден со триумф. Потоа бил обвинет за неправедно делење на пленот, но сепак бил ослободен.[1] [3]

За време на Втората пунска војна, Павел бил реизбран за конзул и служел заедно со Гај Теренциј Варо. Во битката кај Кана ја спделувал командата со војската заедно со Варо. Варо ги водел трупите спротивно од предлозите на Павел и Римјаните во битката доживеале тежок пораз.[4] [5] Павел загинал во битката, а Варо успеал да побегне.[6]

Во епската поема „Пуника“ од Силиус Италикус, Павел е опишан како го убива картагинскиот командант Вириатус пред сопствената смрт.[7]

Павел бил татко на Луциј Емилиус Павел Македоник, а неговата ќерка Емилија Терција се омажила за Скипион Африканецот.[8] [9] [10]

ПоврзаноУреди

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 O'Connell, Robert L. (2010-07-13). The Ghosts of Cannae: Hannibal and the Darkest Hour of the Roman Republic (англиски). Random House Publishing Group. ISBN 978-0-679-60379-5.
  2. Taylor, Don (2017-01-31). Roman Republic at War: A Compendium of Battles from 502 to 31 B.C. (англиски). Casemate Publishers. ISBN 978-1-4738-9444-0.
  3. T. Robert S. Broughton: The Magistrates Of The Roman Republic. Vol. 1: 509 B.C. - 100 B.C.. Cleveland / Ohio: Case Western Reserve University Press, 1951. Reprint 1968. (Philological Monographs. Edited by the American Philological Association. Vol. 15, 1), p. 236
  4. T. Robert S. Broughton: The Magistrates Of The Roman Republic. Vol. 1: 509 B.C. - 100 B.C.. Cleveland / Ohio: Case Western Reserve University Press, 1951. Reprint 1968. (Philological Monographs. Edited by the American Philological Association. Vol. 15, 1), p. 247-253
  5. Hanson, Victor Davis (2007-12-18). Carnage and Culture: Landmark Battles in the Rise to Western Power (англиски). Knopf Doubleday Publishing Group. ISBN 978-0-307-42518-8.
  6. Livy Ab urbe condita XXII 38-50
  7. Silius Italicus Punica, 5, 219-233
  8. Livius, Titus (1875). Lee-Warner, Henry (уред.). Extracts from Livy, with notes by H. Lee-Warner (англиски). Oxford University.
  9. Bahmanyar, Mir (2016-09-22). Zama 202 BC: Scipio crushes Hannibal in North Africa (англиски). Bloomsbury Publishing. ISBN 978-1-4728-1423-4.
  10. Mulligan, Bret (2015-10-05). Cornelius Nepos, Life of Hannibal: Latin text, notes, maps, illustrations and vocabulary (арапски). Open Book Publishers. ISBN 978-1-78374-132-8.