Лутеница
Лутенка или Лутеница е зачинета салата од зеленчук што е застапена најмногу во бугарската, македонската и српската кујна.
Состојките вклучуваат: пиперки, моркови, модар патлиџан, кромид, лук, црн бибер, растително масло, шеќер, сол, и може, но и не мора да се додадат домати. Moже да се види во многу варијанти. Ситна, покрупна; со домати или без, пиперки и модар патлиџан; и зачинета или блага.
Лутенката може да биде малку лута (позачинета) од другото популарно мезе, ајвар. Сепак, во различни региони и земји имаат значително различни толкувања на овие апетисани. Традиционалната бугарска лутенка е поблага од ајварот.
Во Македонија, лутенката доаѓа во тегла и често се користи за мачкање на тост и леб. Исто така, се јаде со многу месо, ќофтиња и ќебапи. Повеќето домаќинства го имаат ова во нивната куќа во текот на годината и е омилено јадење на многумина.
Во последниве години, индустриското производство на лутенка, како и ајвар, е во подем. Голем обем на производствени капацитети ги пробија овие производи надвор од Балканот.
Поврзано
уредиОваа статија храната е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |