Луис Леон Санчес

шпански велосипедист
(Пренасочено од Луис Леон Санчез)

Луис Леон Санчес Гил (шпански: Luis León Sánchez Gil; р. 24 ноември 1983 во Мула) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Астана.[2]

Луис Леон Санчес
Лични податоци
Цело имеЛуис Леон Санчес Гил
ПрекарЛулу
Роден24 ноември 1983 (1983-11-24) (36 г.)
Мула,  Шпанија
Висина1,86 м[1]
Маса73 кг[1]
Податоци за клубот
Мом. клубАстана
ДисциплинаДрумски велосипедизам
УлогаВозач
Вид на возачУниверзален возач
Професионални клубови
2004–2006
2007–2010
2011–2013
2014
2015-
ONCE
Кес д’Епарњ
Рабобанк
Каха Рурал-Сегурос РГА
Астана
Значајни победи
Големи трки
Тур де Франс
4 индивидуални етапи (2008, 2009, 2011, 2012)
Вуелта а Еспања
Планински пласман (2014)
1 ТТТ етапа (2019)

Етапни трки

Тур Даун Андер (2005)
Париз-Ница (2009)

Еднодневни трки и класици

MaillotEspaña.PNG Национален хронометарски првак (2008, 2010, 2011, 2012)
Класика де Сан Себастијан (2010, 2012)
Гран Премио Бруно Бегели (2017)
Последна промена
21 јануари 2020

Поголеми достигнувања на Санчес се победите на етапните трки Париз-Ница 2009 и Тур Даун Андер 2005, како и еднодневната трка Класика де Сан Себастијан во 2010 и 2012. Исто така има четири етапни победи на Тур де Франс и е четирикратен шпански хронометарски првак. Тој е специјалист за хронометри и во последниве години ги подобрил неговите вештини за искачување.

Личен животУреди

Тој е познат како Лулу Санчес. Леон не е неговото презиме, но тој го носи како средно име/второ презиме, како ознака на почит првично за неговиот дедо, но од крајот на 2006 и како почест за неговиот најстар брат, Леон Санчес, кој загинал во сообраќајна несреќа на мотор. Неговиот помлад брат, Педро Леон Санчес Гил, е професионален фудбалер, кој игра за Реал Мадрид од 2010. Другиот негов брат, Антонио Леон Санчес, игра мал фудбал. Не е поврзан со шпанскиот велосипедист Самуел Санчес.

КариераУреди

Рана кариераУреди

Санчес возел за екипата ONCE од 2004 до 2006, кога негови најголеми достигнувања биле победата на Тур Даун Андер 2005 и местата на подиум на изданието во 2006 на истата трка и Вуелта а Кастилја и Леон.

Кејс д’Епарњ (2007-10)Уреди

Во 2007 се преместил во екипата Кејс д’Епарњ, откако екипата Либерти Сегурос-Вирт се распаднала во текот на допинг скандалот „Операција Пуерто“. Во неговата прва сезона со екипата, победил на Вуелта а Мајорка и завршил трет на Париз-Ница откако ја освоил етапата 6.

Во сезоната 2008 Санчес освоил уште една етапа на Париз-Ница, овојпат завршувајќи петти во генералниот пласман. Тој го освоил шпанското национално хронометарско првенство по првпат. Исто така го возел неговиот прв Тур де Франс и ја освоил етапата 7 по последниот напад, откако претходно бегството било достигнато од групата.

Санчес ја освоил Медитеранската трка 2009 и следниот месец победил на Париз-Ница откако ја освоил етапата 7. Освоил етапи и на Трката околу Баскија и Тур ду Хаут Вар, како и етапата 8 на Тур де Франс, кога завршил на 26. место во крајниот пласман.

Сезоната 2010 била најуспешната на Санчес досега. Тој покажал силна форма во првиот дел на сезоната, завршувајќи втор на Тур Даун Андер и победувајќи на петтата етапа. Потоа следело уште едно второ место, на Волта ао Алгарве, откако победил на завршниот хронометар. Санчес се обидел да ја одбрани неговата титула на Париз-Ница, но завршил седми на крајот, единаесет секунди зад Алберто Контадор. Потоа, Санчес го освоил генералниот пласман и етапа на Сиркут де ла Сарт во април. Го постигнал четвртото место на Волта а Каталуња и повторно станал шпански хронометарски првак. На Тур де Франс 2010, Санчес завршил втор на деветтата етапа откако бил во бегство и на крајот завршил како 11. (подоцна поместен на десеттото место, откако на Алберто Контадор му била одземена титулата), негов најдобар резултат на Тур. По Тур, Санчес ја остварил својата најголема победа на некоја еднодневна трка, освојувајќи ја Класика де Сан Себастијан. Санчес исто така возел на Вуелта а Еспања, каде завршил десетти на крајо по силната последна недела.

Рабобанк (2011-2013)Уреди

 
Санчес на Тур де Франс 2011.

Санчес му приклучил на холандскиот тим Рабобанк за сезоната 2011. Повторно го освоил националното хронометарско првенство во 2011. Исто така победил на деветтата етапа на Тур де Франс, но не бил во можност да го оствари својот висок пласман од 2010, успевајќи да заврши само 57. на крај. Исто така, возел и на Вуелта а Еспања и завршил 53. во генералниот пласман.

Во 2012 година останал во Рабобанк.[3] Ја освоил етапата 6 на Париз-Ница 2012 по долго бегство со ветеранот Јенс Фогт, негова четврта етапна победа на трката.[4] Исто така победил на две последователни етапи на Тур де Романди, но на третата етапа спринтал надвор од правилата, кога го победил возачот на Лото-Белисол Џани Мерсман, кога скоро го одвлечкал до бариерите на десната страна, но судиите пресудиле дека спринтот е легален.[5] Го држел водството до последниот хронометарот, но со неговиот слаб настап на хронометарот, паднал на 10. место на крај. Санчес повторно го освоил шпанското национално хронометарско првенство во 2012. Победил на етапата 14 на Тур де Франс 2012, која вклучувала две искачувања од прва категорија. Бил во бегство од четворица други возачи, вклучувајќи го Словакот Петер Саган (Ликвигас-Канондејл), кога го започнал својот соло напад на 11,5 километри пред крајот и на крајот стигнал сам до целта со разлика од 47 секунди од останатите.[6] Санчес бил близу втората етапна победа на етапата 18, кога тој и Николас Роуш нападнале од главната група во последните 10 километри, ги достигнале членовите на бегството и се одржувале пред главната група во последните 10 километри, но спринтот на Марк Кевендиш во последните 200 метри бил погубен за нив, бидејќи тој ги поминал и обајцата. На следната етапа, Санчес го поставиот третото најбрзо време на хронометарот, кога само последните двајца возачи поставиле подобро време од него, Крис Фрум и Бредли Вигинс.

Санчес бил избран во шпанскиот состав на Летните олимписки игри 2012, каде настапил на друмската трка и хронометарот. Неговиот хронометар бил попречен од два механички проблема, вклучувајќи го падот на неговиот синџир, кога го започнувал своето возење. Победил на Класика де Сан Себастијан, со силен соло-напад во последните километри на трката, додека неговите колеги Молема и Гесинк ја отежнале потерата по него. Се одржал пред самата група, иако никогаш не добил повеќе од 20 секунди предност пред нив.[7]

Во 2013 година,[8] Рабобанк го напуштил велосипедизмот како спонзор и екипата станала {{{име на тимот-2013}}}.[9] На почетокот на февруари, екипата одлучила да го суспендира Санчес на неодредено, велејќи дека ги истражуваат минатите врски помеѓу возачот и докторот Еуфемијано Фуентес, кој е под истрага за снабдување на спортисти со допинг средства и изведување на трансфузија на крвта.[10] По неколку недели, Санчес бил повторно вратен во екипата и се вратил со возење на Трката околу Белгија 2013, каде освоил една етапа. За 2013, Санчес планирал да го прескокне Тур и да се насочи на Вуелта.[11]

Каха Рурал (2014)Уреди

Во октомври 2013, Белкин Про Сајклинг објавиле дека Санчес ќе се откаже од екипата, како последица на обвинувањата кон него во допинг скандалот Пуерто.[12] Во декември објавил дека ќе се приклучи на екипата Каха Рурал-Сегурос РГА за 2014 година.[13]

Астана (2015-)Уреди

Во август 2014 година, Тим Астана објавила дека потпишале со Санчес едногодишен договор за сезоната 2015.[14]

Во јуни 2015 година настапил на првите Европски игри, за Шпанија на велосипедистичките дисциплини. Го освоил златниот медал на друмската трка и бронзата на хронометарот.

ДостигнувањаУреди

2004
1. Етапа 3 Класика Интернасионал де Алкобендас
1. Етапа 1 Вуелта а Астурија
2005
1.   Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 3
1. Пласман за млад возач
1. Етапа 3 Класика Интернасионал де Алкобендас
2006
1. Пласман за млад возач Париз-Ница
2. Краен пласман Тур Даун Андер
2. Краен пласман Вуелта а Кастилја и Леон
3. Краен пласман Три дена Де Пане
2007
1.   Краен пласан Вуелта а Мајорка
3. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 6
2008
1.   Национален хронометарски првак
1. Етапа 7 Тур де Франс
Награда за борбеност на етапата 7
5. Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 7
2009
1. Етапа 8 Тур де Франс
1.   Краен пласман Медитеранска трка
1.   Краен пласман Париз-Ница
1. Етапа 7
1. Етапа 1 Тур ду Хаут Вар
5. Краен пласман Вуелта ал Паис Васко
1. Етапа 1
2010
1.   Национален хронометарски првак
1.   Краен пласман Сиркут де ла Сарт
1. Етапа 1
1. Класика де Сан Себастијан
2. Краен пласман Волта ао Алгарве
1. Етапа 5 (ITT)
2. Краен пласман Тур Даун Андер
1. Етапа 5
2. Краен пласман Париз-Ница
4. Краен пласман Волта а Каталуња
10. Краен пласман Вуелта а Еспања
10. Краен пласман Тур де Франс
2011
1.   Национален хронометарски првак
1. Етапа 9 Тур де Франс
6. Краен пласман Трка околу Пекинг
2012
1.   Национално хронометарско првенство
1. Класика де Сан Себастијан
1. Етапа 6 Париз-Ница
1. Етапа 2 Вуелта а Кастилја и Леон
1. Етапа 14 Тур де Франс
10. Краен пласман Тур де Романди
1. Етапа 3
1. Етапа 4
2013
2. Национално хронометарско првенство
2. Краен пласман Трка околу Белгија
1. Етапа 5
2. Краен пласман Тур де л’Ен
3. Национално друмско првенство
2014
1. Етапа 3 Вуелта а Кастилја и Леон
Вуелта а Еспања
1.   Планински пласман
  Награда за борбеност на етапите 13, 14, 16 и 18
2. Краен пласман Ла Тропикале Амиса Бонго
1. Етапа 1
3. Краен пласман Вуелта а Андалусија
8. Краен пласман Трка околу Турција
8. Трофео Сера де Трамунтана
2015
1.   Европски игри - друмска трка
3.   Европски игри - хронометар
5. Вуелта а Мурсија
5. Краен пласман Волта ао Алгарве
2016
1. Етапа 2 Волта ао Алгарве
1. Етапа 1 Трка околу Баскија
2. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
4. Вуелта а Мурсија
  Награда за борбеност на етапа 9 Вуелта а Еспања
2017
1. Гран Премио Бруно Бегели
4. Краен пласман Волта ао Алгарве
2018
1. Вуелта а Мурсија
2. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
4. Национално друмско првенство
4. Краен пласман Трка Алмати
1. Етапа 1
5. Краен пласман Вуелта а Андалусија
5. Краен пласман Рут д’Окситан
8. Краен пласман Трка на Алпите
1. Етапа 4
8. Краен пласман Тур Даун Андер
8. Краен пласман Трка околу Гуангси
2019
1.   Краен пласман Вуелта а Мурсија
1.   Бодовен пласман
1. Етапа 2
1. Етапа 2 Тур де Свис
1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања
2. Национално друмско првенство
2. ГП Мигел Индураин
4. Краен пласман Тур Даун Андер
9. Краен пласман Париз-Ница
10. Голема океанска друмска трка „Кедел Еванс“

Распоред на резултатите на големите тркиУреди

Голема трка 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019
  Џиро 35 43 25
  Тур 108 62 26 10 57 64 48 СО СО
  Вуелта СО 72 9 53 СО 56 33 26 32 23

СО = се откажал; — = не учествувал

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 „Astana – Pro Team“. конс. 9 јули 2019. 
  2. „Astana Pro Team“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 1 јануари 2020. конс. 1 јануари 2020. 
  3. „Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 5 јануари 2012. 
  4. (француски) „Paris – Nice 2012 : Etape 6, Résultat – Luis Leon Sanchez bat Jens Voigt au sprint, Wiggins toujours leader“. portailduvelo.fr. 9 март 2012. конс. 12 август 2012. 
  5. Абрахам, Ричард. „Луис Леон Санчес со спринт до победа во Романди“, „Cycling Weekly“, IPC Media Limited, 27 април 2012 (посет. 27 април 2012 г).
  6. Вестемајер, Сузан. „Санчес го спаси Тур за Рабобак со етапната победа во Фуа“, „Cycling News“, Future Publishing Limited, 15 јули 2012 (посет. 18 јули 2012 г).
  7. Clásica San Sebastián sees Luis León Sánchez bounce back from Olympic disappointment“, „Velo Nation“, Velo Nation LLC, 14 август 2012 (посет. 15 август 2012 г).
  8. „Поранешен Рабобанк (RAB) – NED“. Светска турнеја UCI. Меѓународен велосипедистички сојуз. конс. 3 јануари 2013. 
  9. „Cycling team’s reaction to new start - Rabosport.com“. Rabosport.com. конс. 19 октомври 2012. 
  10. Тим Бланко го суспендира Луис Леон Санчес“, „CyclingNews“, Future Publishing Limited, 2 февруари 2013 (посет. 2 февруари 2013 г).
  11. Luis Leon Sanchez niet in Tour, wel Vuelta“, „wielerflits“, 27 мај 2013 (посет. 8 јули 2013 г). (на холандски)
  12. „http://velonews.competitor.com/2013/10/news/belkin-drops-sanchez-amid-possible-operation-puerto-link_305374“. конс. 9 октомври 2013. 
  13. Луис Леон Санчес потпиша со Каха Рурал“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 25 декември 2013 (посет. 27 декември 2013 г).
  14. Фаранд, Стивен (1 август 2014). „Трансфери: Астана потпиша со Бом, Санчес, Роса и Малакарне“. cyclingnews.com. конс. 3 август 2014. 

Надворешни врскиУреди

Спортски позиции
Претходник
Иван Гутиерез
Национален хронометарски првак
2008
Наследник
Алберто Контадор
Претходник
Алберто Контадор
Национален хронометарски првак
2010-2012
Наследник
Џонатан Кастровјехо