Лоџик Лејн
Лоџик Лејн (анг. Logic Lane[1], „Сокак на логиката“) е мал калдрмисан сокак од историско значење, кој се наоѓа во рамките на Универзитетскиот колеџ во Оксфорд, Англија, така наречен бидејќи таму се наоѓал одделот за изучување на логиката. Тој ги поврзува улиците Хај Стрит од предната страна на колеџот и Мертон Стрит од задната, која исто така е калдрмисана. На крајот од сокакот, каде што се спојува со хај Стрит, има краток покриен мост.
Западниот крај на сокакот води до Редклифовиот двор и Станот на управникот. На источниот крај се наоѓаат 1903 Даремски згради (на Хај Стрит) и Гудхартовиот двор. Сокакот е всушност ограден со порти од обете страни, и се заклучува ноќно време (обично порано отколку што стои на таблите). Лоџик Лејн главно го користат пешаци, но дозволени се и возила.
Историја
уредиЛоџик Лејн се нарекувал Хорсман Лејн (Horseman Lane) во XIII и XIV век.[2] Во средниот век тука имало коњски млин. Затоа сокакот бил наречен уште и Хорсмал Лејн (Horsemull Lane). Називот Лоџик Лејн бил прифатен во XVII век, бидејќи тогаш на северниот крај на уличката бил сместен одделот за логика.
Во 1904 бил изграден покриен мост на крајот кон Хај Стрит за да се поврзе постариот дел од колеџот со тогаш новите Даремски згради. На овој сокак официјално имале предност јавачите. На ова се противел градскиот совет и дошло до парница, но судот сепак решил во полза на колеџот.
Поврзано
уредиНаводи
уреди- ↑ Кар, Вилијам, Универзитетски колеџ, Раутлеџ, 1998. ISBN 978-0-415-18632-2. (англиски)
- ↑ Лоџик Лејн, Оксфорд Архивирано на 28 август 2008 г. (англиски)
Надворешни врски
уреди- Фотографија од 1906[мртва врска] од Хенри Тонт од Англиско наследство — поглед на Лоџик Лејн кон север со покриениот мост (англиски)
- Влезот во Лоџик Лејн (со мостот) Архивирано на 20 август 2008 г. (англиски)
- Философски филмови со Лоџик Лејн Архивирано на 23 мај 2006 г. (англиски)