Отвори го главното мени

Лорен Бекол (англиски: Lauren Bacall) (16 септември 1924, Бруклин, Њујорк, САД - 12 август 2014, Њујорк, САД) - американска филмска глумица.

Л. Бекол во Нормандија, Франција, 1989 год.

БиографијаУреди

 
Лорен Бекол им се обраќа на американските војници во Втората светска војна.

Бекол е родена како Бети Џоан Перске (Betty Joan Perske), на 16 септември 1924 година во Бруклин, Њујорк, во семејство на еврејски имигранти од Романија и Полска. Во 1945 година, таа се омажила со Хемфри Богарт, со кого останала во брак 12 години, до неговата смрт.[1]

 
Фотографија на Бекол во армиското списание „Yank, the Army Weekly“, 1944 год.

Филмска кариераУреди

 
Бекол во филмот „Запишано на ветрот“, 1956 год.

Благодарение на убавината, Бекол ја започнала кариерата како модел, а подоцна била забележана од режисерот Хауард Хокс, кој ѝ ја доделил главната улога во филмот „Да се има и да се нема“, во кој таа глумела покрај славниот Хемфри Богарт. Потоа, заедно ги снимиле и филмовите: „Длабок сон“, „Мрачен премин“ и „Островот Ларго“, а Бекол играла и во филмот „Како да се омажиш за милионер“, заедно со Мерилин Монро. Во 2009 година, Бекол била наградена со почесен „Оскар“.[2]

 
Бекол во филмот „Како да се омажиш за милионер“, 1953 год.
 
Бекол и Богарт во филмот „Да имаш и да немаш“, 1944 год.
 
Бекол и Богарт во филмот „Мрачниот премин“, 1947 год.

НаводиУреди

  1. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.
  2. Наташа Спирова, „Филмаџиите жалат за Вилијамс, а музичарите - за Кокер“, Антена, број 862, 2.1.2015, стр. 12-13.