Лора Палмер — фиктивен лик од американската ТВ серија Твин Пикс која се емитуваше на ABC. Ликот го толкува Шерил Ли, а го создадоа творците на серијата, Дејвид Линч и Марк Фрост. Средношколката чија смрт е катализатор за настаните од серијата е главниот протагонист во филмот на Линч „Твин Пикс: Огну оди со мене“, ретропродолжение на серијата во кое се прикажува последната недела од нејзиниот живот па сè до нејзиното убиство.

Лора Палмер
лик од Twin Peaks
Прво појавувањеПилот
Последно појавувањеTwin Peaks: Fire Walk with Me
СоздавачМарк Фрост
Дејвид Линч
ТолкуваШерил Ли
Информации
Занимањеученик, хостеса во One-Eyed Jack's
СемејствоPalmer
РодниниЛеланд Палмер (татко)
Сара Палмер (мајка)
Date of birthјули 22 1971 (1971-07-22)[1]

Лора (чијашто улога ја толкува Шерил Ли, која исто така ја толкува и улогата на нејзината братучетка Меди Фергусон) е добро позната и сакана во Твин Пикс. Волонтира за „Meals on Wheels“ и(очигледно) е миленичка на нејзините родители Сара и Лиланд. Но, Лора води двоен живот; таа е корисник на кокаин, жртва на злоставување и кратко време работи во One Eyed Jack's, казино/бордел што се наоѓа на север од границата со Канада. Иако е во официјална врска со Боби Бригс, капитен на фудбалскиот тим на средното училиште, скришно е во врска со Џејмс Харли. Стапува во сексуални односи и со други жители на Твин Пикс, меѓу кои се и стопанственикот Бен Хорн, и камионџијата/дилерот на дрога Лио Џонсон.

Пронаоѓањето на телото на Лора во пилот епизодата од серијата е причина за доаѓањето на Специјалниот агент Дејл Купер во гратчето Твин Пикс. Истрагата за нејзината смрт и како таа влијае на нејзините блиски е прикажана во првата сезона и во осум епизоди од втората сезона. Сепак, Лора и понатаму останува во центарот на вниманието, бидејќи нејзината смрт открива многу тајни од кои дел се поврзани со неа, а дел со останатите ликови во серијата. Лора исто така се појавува во сништата на Купер, притоа нудејќи му загадочни траги за идентитетот на нејзиниот убиец.

Дневникот на Лора е го пронаоѓаат во првата епизода, но нејзиниот таен дневник е се појавува дури подоцна и содржи пасуси кои укажуваат дека била жртва (некогаш и доброволно) на злоупотреба од страна на злонамерниот ентитет наречен БОБ, кој сакал да биде во нејзина близина, па дури и да биде Лора.

Идентитетот на убиецот, кој всушност е нејзиниот татко кој бил опседнат од БОБ и присилен да ја малтретира, силува и убие својата родена ќерка, го откриваме за време на втората сезона. Кога Лиланд умира во притвор, се имплицира дека Лора се појавува пред него во визија, му простува и му посакува добредојде во задгробниот живот.

Во финалето на серијата Лора се појавува во Црната ложа во две верзии: како себеси и како нејзината злобна двојничка.

Занимливости: уреди

  • Џенифер Линч е автор на „Тајниот дневник на Лора Палмер“, кој е пуштен во продажба во 1990 година и се користи во серијата.
  • Финскиот doom metal бенд Swallow the Sun има песна наречена „Ghost of Laura Palmer“ од нивниот албум Ghosts of Loss, пуштен во продажба во 2005 година.
  • Канадскиот dance-punk band You Say Party издаде сингл во 2010 година под името „Laura Palmer's Prom“ од албумот XXXX.

Наводи уреди

  1. „1991 Star Pics Twin Peaks #14 - Laura Palmer“. The Trading Card database. April 20, 2017. Посетено на July 6, 2019.