Лозер (планина)

планина во Централниот Масив, Франција

Лозер (француски: Mont Lozère, окситански: Mont Losera) — највисок планински врв на Севените во состав на Централниот Масив, франција. Сместен е во Националниот парк Севени и се издига на висина од 1.699 м.

Лозер
Mont Lozère
Највисока точка
Надм. вис.1.699 м
Координати44°25′34″N 3°44′21″E / 44.4261° СГШ; 3.7391° ИГД / 44.4261; 3.7391
Географија
Лозер на карта

Карта

Матичен венецСевени

На планината има терени за скијање во зимските месеци,[1] додека пак преку летото е посетувана од студенти-љубители на планинарството. Нуди впечатливи глетки со своите четинарски насади и честаци.

Од Лозер извира реката Тарн, и тоа во највисокото место на планинарската патека „Роберт Луис Стивенсон“ (GR 70). Оваа долга патека ги следи чекорите на писателот Роберт Луис Стивенсон кој ја посетил планината во 1878 г. и го опишал тоа доживување во неговата книга Патување по Севените на магаре.[2][3] Се работи за сточарска патека обележана со камења.[3]

По планината е наречен департманот Лозер.

Поврзано

уреди

Наводи

уреди
  1. „Home page“. Station de ski du Bleymard–Mont Lozère. Посетено на 29 јуни 2017.
  2. Stevenson, Robert Louis (1905) [1879]. „The Country of the Camisards“ . Travels with a Donkey in the Cevennes (англиски). New York: Charles Scribner's Sons. стр. 123–129  – преку Викиизвор.
  3. 3,0 3,1 Castle, Alan (2007). The Robert Louis Stevenson Trail (II. изд.). Cicerone. стр. 125–127. ISBN 978-1-85284-511-7.

Надворешни врски

уреди