Лид (герм. Lied, множ. Lieder, но поточно: Kunstlied) — германски збор, со буквално значење на „песна“; меѓутоа во светот поимот се користи за песните во романтистичката музика, наречени и уметнички песни. Попрецизно, поимот најточно се користи за песни засновани на германски поеми од достатно висока книжевна вредност, највеќе за време на XIX век, започнувајќи со Франц Шуберт и кулминирајќи со Хуго Волф. Обично лидовите се аранжирани за еден пејач и пијано. Понекогаш тие се собираат во Liederkreis („циклус песни“) — низа песни (обично три или повеќе) со заедничка приказна или тема. Најпознати творци од овој жанр на романтистичката музика се композиторите Франц Шуберт и Роберт Шуман.

Лично напишана партитура за лидовата балада „Шумски цар“ (Erlkönig) од Франц Шуберт

Историја уреди

За германските говорници, поимот „лид“ има долга историја започнувајќи од трубадурските песни (Minnesang) од XII век, преку народните песни (Volkslieder) и црковните песни (Kirchenlieder), па до трудовите песни (Arbeiterlieder) или протестни песни (Kabarettlieder, Protestlieder) од XX век.

Во Германија, славното доба на песната (лидот) дошло во XIX век. Германските и австриските композитори компонирале музика за глас и клавијатура и пред тоа, но сега, со расцутот на германската книжевност во класицистичкото и романстистичкото доба композиторите нашле висока инспирација во поезијата која го зачнала жанрот наречен лид. Зачетоците на оваа традиција можат да се видат во песните на Моцарт и Бетовен, но дури Шуберт наоѓа нов баланс помеѓу зборовите и музиката, како нова апсорпција во музиката на значењето на зборовите. Шуберт искмпонирал прек 600 песни, од кои некои во низи и циклус песни кои раска уваат приказна — авантурата на душата, наместо на телото. Оваа традиција ја продолжиле Шуман, Брамс и Хуго Волф, а во XX век, Рихард Штраус и Густав Малер. Корпусот на песни во лидската традиција, како и италијанскиот мадригал три века пред тоа, е еден од најбогатите производи на човековата чувствителност.

Други национални традиции уреди

Лидската традиција е тесноповрзана со германскиот јазик. Но постојат паралели и на други места, особено во Франција, со мелодиите на композитори како Берлиоз, Форе, Дебиси и Франсис Пуленк, додека во Русија, со песните на Мусоргски и Рахманинов. И Англија доживеала расцут на песната во XX век, и нејзини претставници се Вон Вилијамс и Бенџамин Бритен. Полскиот композитор Станислав Моњушко (1819 - 1872) искомпонирал 278 песни. 276 биле составени во 12 книжиња наречени called „Домашна песнарка“ (Śpiewnik Domowy). Песните обработувале поеми на најпознатите полски поети од тоа време, како на пример Адам Мицкевич.

Библиографија уреди

Hallmark, Rufus, ed. German Lieder in the Nineteenth Century. New York: Schirmer, 1996. Parsons, James, ed. The Cambridge Companion to the Lied. Cambridge: Cambridge University Press, 2004. [1] Архивирано на 4 октомври 2008 г.

Надворешни врски уреди