Отвори го главното мени

Лигија Фагундес Тељес

Лигија Фагундес Тељес (португалски: Lygia Fagundes Telles) (19 април 1923, Сао Паоло, Бразил) - бразилска писателка.

БиографијаУреди

 
Лигија Фагундес Тељес.

Лигија Тељес е родена во Сао Паоло.[1]

ТворештвоУреди

Тељес е позната како автор на бројни кратки раскази, а пишувала и романи. Нејзината прва збирка кратки раскази „Жива плажа“ била објавена во 1944 година, а веќе во 1949 година ја добила наградата „Алфонсо Аринос“ за збирката раскази „Црвениот кактус“. Нејзини најважни дела се: „Мермерен танц“ (1954), „Лето во аквариум“ (1963), „Пред зелениот танц“ (1970), „Семинар за глувци“ (1977), „Голо време“ (1989), „Девојката на фотографијата“ итн. За книгата „Пред зелениот танц“, Тељес ја освоила француската награда „Гран при“ за најдобра жена-писател во 1960 и во 1969 година. Во 2001 година, таа ги добила наградата „Џабути“ (за делото „Инвенција и паметење“) и големата награда на Здружението на бразилските критичари на Сао Паоло, а истата година станала почесен доктор на Универзитетот на Бразилија. Подоцна, во 2005 година, ги добила и најпрестижната книжевна награда на Бразилската академија за уметност, како и најважната награда за дела на португалски јазик, „Камоеш“. [2]

НаводиУреди

  1. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 281.
  2. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 281.