Ленче Герасимова
Ленче Кипрова Герасимова ( 1926 во Буф — ) — учесник во НОВ на Македонија.[1]
Животопис
уредиКапитулацијата ја затекнала додека престојувала во Битола. Станала член на СКОЈ во јуни 1941 година. Истовремено членувала и во Женската потребителна задруга во Битола. Во април 1942 година била затворена и по еден месец ослободена. Во април 1943 година била повторно затворена. По излегувањето од затвор одржувала поединечна врска со членовите на организацијата во Битола. По третпат била затворена во април 1944 година, но наскоро ослободена. На 30 мај 1944 година стапила во единиците на НОВ, прво во одредот „Мала Преспа“, а подоцна во Втората македонска ударна бригада, каде останала се до формирањето на Седмата битолска бригада. Од штабот на бригадата била испратена за младински инструктор во Егејската бригада, каде останала до ослободувањето на Битола.[1]
Наводи
уредиОваа статија за личност од Македонија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |