Антони ван Левенхук

(Пренасочено од Левенхук)

Антони ван Левенкух (холандски: Antonie Philips van Leeuwenhoek; 24 октомври 1632 - 26 август 1723) — холандски трговец и научник.

Антони ван Левенхук
Портрет на Антони ван Левенхук
Роден(а)24 октомври 1632(1632-10-24)
Делфт, Холандска Република
Починал(а)26 август 1723(1723-08-26) (возр. 90)
Делфт, Холандска Република
Полињабиолог
Познат пооткривање на праживотните
Прв опис на еритроцитите
Потпис
Реплика на микроскопот на Левенхук

Левенхук бил првиот којшто користел лупа за разгледување на мали организми додека бил чирак кај еден трговец со текстил во Амстердам, Холандија, а подоцна прв почнал да прави сопствени микроскопи, па затоа се самета и за изумител на овој инструмент. Тој не бил научник по образование и никогаш не напишал книга, но академските организации ги објавувале неговите откритија. Кралското здружение на почетокот било многу скептично во врска со неговото откритие на едноклеточните организми, но тој го докажал нивното постоење во 1680 година, па со тоа го осигурил својот углед.

Извор уреди

  • Дејвис, Адам Харт, уред. (2011). Општа наука: енциклопедија за секое семејство и дом. прев. Сашо Христовски и др. Скопје: Младинска книга. ISBN 978-608-4500-27-8. (библ.)