Отвори го главното мени

Рио де ла Плата (шпански: Río de la Plata), а поретко само Ла Плата, Плата или Река Плата, е естуарот на слевањето на реките Уругвај и Парана. Естуарот се влива во Атлантскиот Океан, создавајќи засек на копното кон внатрешноста во форма на инка. Во зависност од географот и литературата, Рио де ла Плата понекогаш се именува како река, .естуар, залив или маргинално море.[1] За оние географи кои ја сметаат Рио де ла Плата за рака, истата е најшироката река во светот со максимална ширина од 220 км.

Рио де ла Плата
Río de la Plata
Ла Плата, Плата, Река Плата
Сателитска снимка од утоката Рио де ла Плата. Буенос Аирес може да се види на десната страна на реката Парана, а од спротива на естурарот Ла Плата е Монтевидео.
Потекло на името: шпански за „сребрена река“
Земји Аргентина, Уругвај
Притоки
 - леви Уругвај, Сан Хуан, Санта Лусија
 - десни Парана, Лухан , Саладо
Градови Ла Плата, Буенос Аирес, Монтевидео, Сан Фернандино, Сан Исидоро, Висенте Лопез, Авелјанеда, Килмес, Беразатеги, Хадсон, Пунта Лара, Atalaya, Сан Клементе дел Тују, Сјудад дел Плата, Сјудад де ла Коста, Колонија дел Сакраменто
Извор спојување на реките Парана и Уругвај
 - височина м
Утока Атлантски Океан
 - местоположба Аргентинско Море, Аргентина & Уругвај
 - височина м
Должина 290 км [1] 4,876 kм (15,997,375 ст) вклучувајќи ја Парана
Ширина 220 км [2]
Слив 3.170.000 км² [3]
Истек во устие
 - просечен 22.000 м3 [1]
Карта на басенот Рио де ла Плата
Карта на басенот Рио де ла Плата
Карта на басенот Рио де ла Плата со градови
Карта на басенот Рио де ла Плата со градови

Рио де ла Плата е долга 290 километри, а ширината ѝ изнесува од 2 километри на почетокот, па до 220 километри во устието.[2] Рио де ла Плата всушност е и природната граница помеѓу Аргентина и Уругвај, и на бреговите од едната и другата страна на Рио де ла Плата се наоѓаат двата главни града на државите - Буенос Аирес на Аргентина и Монтевидео на Уругвај. Следствено на тоа, регионот околу Рио де ла Плата е најнеселата област и во Аргентина и во Ургвај.[1]

ГеографијаУреди

Рио де ла Плата започнува со сливањето на реките Уругвај и Парава во Пунта Горда и заедно течат источно кон Атлантскиот Океан. Нема јасна физичка граница на источните делови на реките. Меѓународната хидрографска организација ја дефинира источната граница на Рио де ла Плата со „линијата Пунта дел Есте во Уругвај и Кабо Сан Антонио во Аргентина“.[4]

Вкупната површина на Рио де ла Плата е 35.000 километри квадратни.[1]

НаводиУреди

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 „Río de la Plata“. Encyclopædia Britannica. конс. 11 August 2010. 
  2. 2,0 2,1 Fossati, Monica; Ismael Piedra-Cueva. „Salinity Simulations of the Rio de la Plata“ (PDF). International Conference on Estuaries and Coasts. конс. 11 August 2010. 
  3. Raúl A. Guerrero (јуни 1997 г). Physical oceanography of the Río de la Plata Estuary, Argentina. „Continental Shelf Research“ том  17 (7): 727–742. doi:10.1016/S0278-4343(96)00061-1. Bibcode1997CSR....17..727G. 
  4. „Limits of Oceans and Seas, 3rd edition“ (PDF). International Hydrographic Organization. 1953. конс. 7 February 2010. 

ЛитератураУреди

ПоврзаноУреди

Надворешни врскиУреди