Ладислав III (Унгарија)
Ладислав III (унгарски: III. László, Словачки и хрватски: Ladislav III, ~1200 – 7 мај 1205) бил крал на Унгарија и Хрватска помеѓу 1204 и 1205 година. Тој бил единственото дете на кралот Емерик. Ладислав бил крунисан за крал по наредба на неговиот болен татко, кој сакал да го обезбеди наследството на неговиот син. Додека кралот умирал, тој го направи својот брат, Андреј , регент за периодот на малолетништовото на Ладислав. Сепак, војводата Андреј ги игнорирал интересите на детето. Како резултат на тоа, мајката на Ладислав, Констанца од Арагон , побегнала во Австрија, земајќи го Ладислав со неа. Ладислав неочекувано починал во Виена .
Ладислав III | |
---|---|
![]() | |
Слика на Ладислав од хрониките на Јанош Туроци | |
На престол | 1204–1205 |
hungary | 26 август 1204 |
Претходник | Емерик Унгарски |
Наследник | Андреј II |
Регент | Андреј |
Династија | Арпадовци |
Татко | Емерик Унгарски |
Мајка | Констанца од Арагон |
Роден(а) | околу 1200 |
Починал(а) | 7 мај 1205 (на 4–5 г.) Виена, Војводство Австрија |
Почивалиште | Базилика во Секешфехервар |
Вероисповед | Римокатолик |
Почетокот (околу 1200-1204)Уреди
Ладислав бил единственото познато дете на кралот Емерик и неговата сопруга, Констанца од Арагон.[1] Точниот датум на раѓањето на Ладислав не е познат, но веројатно е дека тој е роден околу 1200 години, според историчарите Ѓула Кристо и Ференц Мак.[1] Откако сериозно се разболел, кралот Емерик го наредил крунисувањето на Ладислав во обид да обезбеди добра иднина за неговиот син.[2] Јован, архиепископ Калоцки, го крунисал Ладислав на 26 август 1204 година.[3] [4] Емерик се помирил со својот помал брат, Андреј, кого го затворал.[5] Тој го ослободил Андреј и го направил регент за време додека Ладислав да стане полнолетен.[6]
Кралот Емерик се разболе со еден вид неизлечива болест. Затоа, кога знаеше дека неговиот последен час се приближува, тој со брзање го ослободи од притвор својот помал брат и беше донесен пред него.Кога Андреј се појави пред царот, царот ја направи својата волја во негово присуство, му го довери старателството на својот син и администрацијата на царството додека Ладислав не порасне.
— Архиѓакон Томас: Историја на епископите на Салона и Сплит[7]
НаводиУреди
- ↑ 1,0 1,1 Kristó & Makk 1996, p. 227, Appendix 4.
- ↑ Kristó & Makk 1996, p. 227.
- ↑ Érszegi & Solymosi 1981, p. 127.
- ↑ Bartl et al. 2002, p. 30.
- ↑ Érszegi & Solymosi 1981, pp. 126–127.
- ↑ Engel 2001, p. 89.
- ↑ Архиѓакон Томас од Сплит: Историја на епископите на Салона и Сплит (ch. 23.), p. 143.