Ладислав Палфи
Ладислав Палфи (роден во Суботица, 8 ноември 1924 година, умрел во Скопје, 13 февруари 2008 година) е еден од првите пијанисти кои ги поставуваат основите на професионалниот пијанизам во Македонија.
Животопис
уредиПијано студирал во Загреб. Многу рано ја покажал својата музичка дарба, јавно почнал да настапува на седумгодишна возраст. Во Скопје работи уште од 1947 година, каде што настапувал солистички и како придружник. Настапувал во сите поголеми културни центри на бившата СФРЈ и во Швајцарија, Романија, Грција, Бугарија и др., со успех ги претставувал делата на македонските композитори.
Исто така се истакнал и како автор на филмска и театарска музика. Од 1948 до 1966 година работи во Македонскиот народен театар како корепетитор и музички оформувач на голем број драмски претстави. Работел како музички уредник во македонското Радио и Телевизија. Воедно бил и професор во Вишото музичко училиште во Скопје. Како автор на филмска музика, дебитира во 1951 година, со документарниот филм „Свилен Конец“.
Филмографија
уреди- 1951: Свилен конец (Музика)
- 1954: IV Сојузно падобранско првенство (Избор на музика)
- 1954: Македонски тутун (Музика)
- 1957: Бунт на куклите (Музика)
- 1957: Сонце зад решетки (Музика)
Наводи
уреди- Врска до книгата ПАЛФИ на Владан Велков (2008) во рамки на ИРАМ Архивирано на 3 март 2012 г.
- Врска до трудот за Палфи на Трена Јорданоска (2008) во рамки на ИРАМ Архивирано на 29 декември 2009 г.