„Куќата на цвеќето“ е местото каде е погребан поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито. Тито починал на 4 мај 1980 година, а „Куќата на цвеќето“ била отворена за посетители во 1982 година. За 20 години од отворањето на „Куќата на цвеќето“ па до 2002 година, според надлежните во Музејот на историјата на Југославија (некогашен Музеј на Револуцијата, во чии рамки се наоѓа и музејот „25 мај“), местото го посетиле 15.835.255 луѓе. „Куќата на цвеќето“ се наоѓа на Дедиње, во Белград, Србија.

Куќа на цвеќето
Kuća cvijeća
Музејот „25 мај“, се наоѓа во рамките на Музејот на историјата на Југославија, некогашен Музеј на Револуцијата.
Карта
Општи податоци
ГрадБелград
ЗемјаСрбија
Гробот на Тито
Внатрешност на Куќата на цвеќето со почесна стража на ЈНА, средина на 1980-ите

„Куќата на цвеќето“ не може да се нарече мавзолеј во вистинска смисла на зборот бидејќи тоа е адаптирана стаклена градина. Како таква во официјалните говори во осумдесеттите произвела низа еуфемизми кои се користеле наместо несаканиот збор - „гроб“.

Надворешни врски уреди

Галерија уреди

Наводи уреди