Кумановска Котлина

котлина во Македонија
(Пренасочено од Кумановската Котлина)

Кумановската Котлинакотлина на крајниот север на Македонија. Границата на котлината е јасно изразена на западната, северозападната и северната страна, каде води по билата на Скопска Црна Гора (претставена со нејзиниот огранок Карадак), Руен (775 м.) и на Козјак (1326 м.), а потешко може да се следи југоисточната граница спрема Овче Поле. Слично е и со северната граница каде ја сече Кумановско-прешевската долина. Кумановска Котлина, во Република Македонија зафаќа површина од 1290 км2, а мал дел од 66 км2 припаѓа на Србија.[1]

Воздушен поглед над селото Новосељане
Воздушен поглед над селото Кучкарево

Релјеф уреди

Во релјефен поглед, котлината се одликува со ритчесто брановиден релјеф кој е настанат со всекување на помали речни текови по дното на некогашното плиоцено езеро, кое овде егзистирало пред 20-2 милиони години. Во средишниот дел на котлината се протега малото Кумановско Поле. Во него се издојуваат повеќе морфолошки целини: Жеглигово на запад, Средорек со Страцин на исток и Црно Поле, Нагоричанска зарамнина, Врело Поле и Рудо Поле како помали зарамнини. Во геолошки поглед, дното на Кумановската Котлина е покриено со неогени (езерски) и речни седименти. Пред 30-10 милиони години, источниот дел на котлината бил зафатен со силна вулканска активност, а доказ за тоа се купите околу Средорек и Страцин и големата базалтна плоча кај с. Нагоричане, единствена од таков вид на Балканскиот Полуостров.

Клима уреди

Поради својата отвореност кон север и кон југ, во Кумановската Котлина се чувствуваат континентални и изменето средоземни влијанија. Просечната годишна температура е околу 11,5 степени, а просечното годишно количество на врнежи е околу 550 мм. Тоа нешто овозможува одгледување на градинарски култури, пченка, крмни растенија и др.

Хидрографија уреди

Заради малото количество на врнежи во текот на годината, Кумановската Котлина се одликува со слаби водотеци кои имаат доста променлив протек.

Население уреди

Развиена е градската населба Куманово.

Поврзано уреди

Наводи уреди

  1. Геоморфолошки одлики на Кумановската Котлина. Географски разгледи кн. 36“, Андоновски Т., Милевски И., Скопје, 2001