Кула (Лерин)

тврдина во Лерин, Егејска Македонија

Кула (грчки: Κούλα) — доцноантичка и средновековна тврдина над градот Лерин, Егејска Македонија.[1][2][3][4]

Кула
Κούλα
Карта
МестоЛерин
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати40°46′31″N 21°24′36″E / 40.7753° СГШ; 21.41° ИГД / 40.7753; 21.41
Видтврдина
Историја
Раздобједоцна антика и среден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаделумно зачувана
Прогласено заспоменик на културата

Тврдината се наоѓа на ридот Свети Пантелејмон јужно од градот, на висорамнина која доминира над Леринското Поле. На висорамнината има параклис „Св. Пантелејмон“, изграден во XX век. Ова подрачје е оградено со ѕидини од чакал и малтер, зачувани до висина од 1 м. Ѕидините и откриената керамика укажуваат на тоа дека тврдината датира од доцната антика и средновековието. Тврдината е истражувана од истакнатите археолози Николаос Пападакис и Антониос Керамопулос.[2]

Кула е прогласена за историски споменик во 1995 г.[1]

Поврзано

уреди
  • Голема кула — поранешна османлиска кула во градот
  • Мала кула — одбренбена кула од XIX век, денес во срушена состојба, но прогласена за споменик на културата

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Β1/Φ36/58107/1335/5-1-1995 - ΦΕΚ 157/Β/7-3-1995“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2023-02-27. Посетено на 20 октомври 2014.
  2. 2,0 2,1 „11η Εφορεία Βυζαντινών Αρχαιοτήτων“ (PDF). Αρχαιολογικόν Δελτίον (грчки). Αθήνα: Υπουργείο Πολιτισμού. Τόμος 49 (1994), Χρονικά Β'2: 576. 1999. ISSN 0570-622Χ. Архивирано од изворникот (PDF) на 10 мај 2018.
  3. „Αρχαιολογικοί Χώροι“. Εταιρία Τουρισμού Δυτικής Μακεδονίας. Архивирано од изворникот на 2020-06-11. Посетено на 24 јули 2020.
  4. „Η Ελληνιστική Πόλη της Φλώρινας“. Δήμος Φλώρινας. Посетено на 24 јули 2020.