Крцкалка – механички уред кој овозможува континуирано линеарно или вртежно движење само во една насока, во другата насока движењето е спречено. Крцкалките широко се користат во машините и алатите. Честопати зборот „крцкалка“ се користи за клуч со крцкалка, алатка со рачка со механизам на крцкање.

Слика 1: Запченик (1) и палец (2) монтирани на основа (3).

Функционирање

уреди
 
Слика 2: Крцкалка која се движи во насока „напред“.

Крцкалкта се состои од запченик (види слика 1) или назабена лента и прст на пружина (наречен палец) кој влегува меѓу запците. Запците се еднолични но асиметрични, при што забецот има умерен наклон на едната страна и многу пострм на другата страна. Кога запците се движат во дозволената насока (види слика 2), палецот лесно се лизга нагоре и преку лесно наклонетите рабови на запците, со пружина која го присилува (често со звучно „крц“) да влезе во вдлабнатините меѓу запците при секое поминување на забец. Кога запците се движат во спротивна насока, палецот ќе се заглави спроти стрмно наклонетиот раб на првиот забец на кој ќе наиде, со што го спречува понатамошното движење во таа насока.

Употреба

уреди

Механизмите со крцкалка имаат широка примена:

 
Клуч-крцкалка