Крушевски осмогласник
Крушевскиoт осмогласник — кириличен манускрипт од 15 век од исклучителна културно-историска вредност за средновековната македонска книжевност и литература. Тој е пронајден во 1942 година во црквата „Свети Никола“ во Кривогаштани. Осмогласникот е црковна ракописна книга во која на осум гласа се чита литургијата. Се претпоставува дека ее настанат во некој од соседните манастирски центри: Зрзе, Трескавец или Слепче. По 1942 година е донесен во крушевските цркви, а потоа доставени до Музејот во Крушево по неговото формирање во 1953 година. Поради голема оштетувања, тој во 2014 бил подложен на конзервација во во Националната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“, каде била извршена анализа на составот на хартијата и на мастилото со кое е пишуван и било извршено чистење, одлепување, дезинфекција и неутрализација на листовите хартија и реставрација на оштетената подлога за да се спречи натамошно уништување на ракописот.[1]