Кристијан Поулсен

Кристијан Бјoрншој Поулсен (роден на 28 февруари 1980 година) — дански поранешен фудбалер. По започнувањето на кариерата со Холбек , тој настапувал за голем број европски клубови како дефанзивен играч од средниот ред, освојувајќи го данското првенство со Копенхаген, германскиот куп со Шалке 04 и УЕФА Лигата на Европа со шпанскиот тим Севиља, подоцна играл за италијанскиот клуб Јувентус во Серија А, како и за премиерлигашот Ливерпул , францускиот Евиан и холандскиот Ајакс.

Кристијан Поулсен
Поулсен со Шалке 04
Лични податоци
Полно име Кристијан Бјoрншој Поулсен[1]
Роден на 28 февруари 1980(1980-02-28)(44 г.)
Роден во Аснес, Данска
Висина 1.82 m[2]
Позиција дефанзивен играч од средниот ред
Младинска кариера
1985–1995 Аснес
1995–1997 Холбек
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1997–2000 Холбек 82 (13)
2000–2002 Копенхаген 45 (10)
2002–2006 Шалке 04 111 (3)
2006–2008 Севиља 62 (4)
2008–2010 Јувентус 48 (1)
2010–2011 Ливерпул 12 (0)
2011–2012 Евијан 24 (0)
2012–2014 Ајакс 54 (1)
2014–2015 Копенхаген 16 (1)
Вкупно 454 (33)
Репрезентација
1998–1999 Данска под 19 4 (0)
2001 Данска под 21 8 (0)
2001–2012 Данска 92 (6)
*Настапи и голови само на првенствени натпревари, според податок од 7 June 2015
‡ Настапи и голови за репрезентација, според податок од 19 октомври 2014

Тој бил редовен член на фудбалската репрезентација на Данска од неговото деби во 2001 година и има остварено 92 настапи, постигнувајќи шест гола за својата земја. Тој ја претставувал Данска на Светското првенство во 2002 година, Светското првенство во 2010 година и Европското првенство во 2004 година. Поулсен бил именуван за Дански играч на годината под 21 година и ја освоил наградата за Данскиот играч на годината 2005 и 2006 година ; прв кој ја освоил две години по ред.

Клупска кариера уреди

  1. „List of Players“ (PDF). FIFA. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-05-17. Посетено на 8 November 2010.
  2. „Player Profile: Christian Poulsen“. Premier League. Архивирано од изворникот на 2016-04-01. Посетено на 2019-01-20.