Кристалните јами на пропаста

„Кристалните јами на пропаста“ — збирка куси раскази од македонскиот писател Дејан Мирчески, објавена во 2012 година, во издание на издавачката куќа Темплум. За неа, авторот ја добил наградата „Новите!“ за 2012 година, која ја доделува Темплум.

Технички одлики уреди

Збирката е објавена како деветта книга во едицијата „Катапулт“. Таа е отпечатена во мал формат (18 сантиметри), во мек повез и има 150 страници. Книгата е каталогизирана во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ - Скопје и ја носи меѓународната ознака ISBN 978-608-4658-19-1. Графичкото уредување и дизајн е дело на фирмата „Кома“. На кориците се наоѓаат слики на Срѓан Миќиќ, а на задната корица се дадени основни биографски податоци за авторот. Книгата е отпечатена со финансиска поддршка од Комерцијална банка - Скопје АД - Скопје.[1]

Содржина уреди

Збирката „Кристалните јами на пропаста“ содржи 39 раскази, пишувани во периодот 1999-2008 година:[1]

Непромисленост, Детето што трчаше по облачињата, Падот на детето, Судбина, Врапчето Витко, Цревата, Исус, Празнина, Тие оделе, Кеса, Дупки во напластениот снег, Беше црно, Бурек од лице, НЗС, Слатки, Тип што дупи балони, Како го ќари, Ѓавол (не е за слаби души), Тепих од тигрова кожа, Човечиња (на Наташа), Вистинска љубов, Празната соба, Диво зеленило, Спомени, Сон без звуци и бои, Канџите на човечката сенка, Очи за око, Честички, Ебате жената, Кепец, Клавир, Принципи, Вадителот, Збуновите, На Саше (посмртно), Затворен во времето, Кристалните јами на пропаста, Разделена целина, и Сè е возможно (царство Македонија): сурова еуфорија во пет сцени.

Наводи уреди

  1. 1,0 1,1 Дејан Мирчески, Кристалните јами на пропаста, Темплум, Скопје, 2012.