Крваво едноставно

„Крваво едноставно“ (англиски: Blood simple) — филм на режисерот Џоел Коен (Joel Coen) од 1984 година, кој е автор и на сценариото, заедно со брат му Етан Коен (Ethan Coen). Главните улоги ги играат: Џон Гец (John Getz), Франсес Мекдорманд (Frances McDormand), Ден Хедаја (Dan Hedaya) и М. Емет Волш (M. Emmet Walsh).

Синопсис

уреди

Џулиен Марти (го игра Хедаја) е богат сопственик на бар во провинциско место во САД. Тој е убеден дека сопругата Еби (ја игра Мекдорманд) го изневерува. И навистина, таа одржува љубовна врска со келнерот Реј (го игра Гец) и сака по секоја цена да го напушти сопругот. Марти го изнајмува расипаниот приватен детектив Лорен Висер (го игра Емет Волш), кој му покажува не Марти компромитирачки фотографии на неговата сопруга. Тогаш, Марти му дава задача на Висер да ги убие Еби и Реј...[1]

Наводи

уреди