Кралство Шкотска
Кралството Шкотска (шкотски гелски: Rìoghachd na h-Alba ; шкотски германски: Kinrick o Scotland , Norn: Kongungdum Skotland ) била суверена држава во северозападна Европа, за која по традиција се вели дека била основана во 843 година. Нејзините територии се зголемувале и намалувале, но ја зафаќала северната третина на островот Велика Британија, споделувајќи копнена граница на југ со Кралството Англија. За време на Средниот век, Шкотска повремено водела војни со Англија, од кои најзначајни биле Војните за шкотската независност. По анексијата на Хербидите и Северните острови од Норвешка во 1266 и 1472, соодветно, и заземањето на Бервик од Англија во 1482, територијата на Кралството Шкотска се совпаднала со онаа на денешна Шкотска, ограничена од Северното Море на исток, Атлантскиот Океан на север и запад, и Северниот Проток и Ирското Море на југозапад.