Кочо Кочовски
Кочо Кочовски или уште познат како Преспанскиот војвода, — македонски револуционер, член и војвода на МРО.[1]
Животопис
уредиРоден е во селото Подмочани околу 1879 година. Основното училиште го завршил во родното село. Уште како млад го осетил теророт од турското ропство. Со проширувањето на активностите на Македонска револуционерна организација во 1894 година, во Ресен се одржал познатиот собир при осветување на црквата ,,Св. Кирил и Методиј ''. На овој собир било одлучено да се прошири мрежата на Организацијата. Тоа значело формирање на околиски комитети, селски комитети, околиски и селски чети, зачленување на нови револуционери и др. Меѓу тогашните членови на Организацијата во село Подмочани, највеќе се истакнал Кочо Кочовски кој бил назначен за селски војвода. Војводата Кочо се одликувал со: толерантност, храброст, чесност и одговорност. Тоа било причина да биде подоцна назначен за месен војвода.Тој ги контролирал селата околу селото Подмочани, а за својата работа одговарал пред околискиот војвода Славејко Арсов. Поради таа функција тој бил наречен „Преспанскиот војвода“.
Во Илинденското востание населението на Подмочани зело масовно учество. Значајно место во тие судири и самата организација на борбата му припаѓало на месниот војвода Кочо Кочовски. Со него се поврзува и организираното бегство на населението во подножјето на Баба (планина) кај месноста наречена ,,Фурни". Таму бил организиран заеднички живот: исхрана (оттаму местото се нарекува ,,Фурнине"), одбрана и др. Турскиот аскер го ограбил и изгорел празното село, но не запрал на тоа. Организирал потера по избеганите. Во борбата помеѓу четите и турскиот аскер учествувале 100 востаници и 1500 турски војниви и башибозук. По наредба на војводата Кочо, жените и децата се вовлекле подлабоко во шумата. Комитите со својот војвода останале да даваат отпор до последниот здив. Во нерамната борба загинале многу комити, а бил ранет и Кочо Кочовски. Тој за да не падне во рацете на непријателот се самоубил. И убиен, војводата внесувал страв кај аскерот. Поради тоа аскерот го распарчил телото на војводата. Смртта на војводата се случила на 27 август 1903 година.
Преживеаните селани од село Подмочани биле убивани, мачени до смрт или затворани.
Наводи
уреди- ↑ Николов, Борис Й. Вътрешна македоно-одринска революционна организация. Войводи и ръководители (1893-1934). Биографично-библиографски справочник, София, 2001, стр. 85