Кочо Божинов Мијајлевски

Кочо Божинов Мијајлевски — македонски револуционер во ВМОРО. Активен учесник во ослободувањето на Македонија.[1]

Животопис уреди

Кочо Божинов Мијајлевски е роден во 1880 година во селото Брезово во областа Железник.

Активен учесник во македонската револуционерна организација бил уште од 1898 година. Со Јордан Пиперката се запознал истата година, и соработувал со него. Учествувал во битките со османлиската војска кај селата Брезово и Ново Село.[1]

После смртта на војводата Јордан Пиперката продолжил со неговите другари да води битки против османлиската војска.[1]

Извори уреди

  1. 1,0 1,1 1,2 Јасмина Дамјановска, Ленина Жила и Филип Петровски (2017). Илинденски сведоштва. том III, дел I. Скопје: Државен архив на Република Македонија.