Коца Атанасова - Велешанката — учесник во НОВ на Македонија.[1]

Животопис

уреди

Во нејзиниот дом, во Кавадарци од 1941 година престојувале илегалци и се чувала собраната храна, облека и оружје за борците на НОВ и ПОМ. Заедно со нејзиниот сопруг успевала да го изнесе незабележано потребниот материјал кој се чувал кај неа и да го префрли во партизанската база. Во 1944 година била избрана за член на КПМ.[1]

Наводи

уреди
  1. 1,0 1,1 Весковиќ-Вангели, д-р. Вера; Јовановиќ, Марија (1976). Жените на Македонија во НОВ 1941-1945. Скопје: Институт за Национална Историја. стр. 984.