Котле
Котле е метален длабок сад за варење и загревање вода, млеко, чорби и останата течна или полутечна храна. Котлето било едно од најчестите предмети во покуќнината. Денес, иако е значително оставена неговата употреба, тоа сепак може да се пронајде низ покуќнината на одредени семејства. Котлето се користи и како сад за чување вода при верски обреди помеѓу Христијаните.
Опис
уредиПостеле разни форми и облици на котлиња, со разни декоративни дизајни. Генерално гледано, имало котлиња со и без капак.
Котлето без кап било користено за варење млеко. Тркалезно е по форма, дното е направено од посебно парче, а страните рамно се издигаат нагоре, на врвот има благо стеснување во кус врат чиј краен раб е малку свиткан нанадвор. Под самиот раб, од двете спротивни страни со чивии се прицврстени алки низ кои се проврени кукачките од рачката. Можело да се пронајдат разни декоративни елементи на самото котле од надворешна страна. [1]
Котлето со капак служело за подготвување варива. Има тркалезна форма, во долниот дел е благо ѕвончесто и има малку конкавно дно. Кон отворот се стеснува преку косина и продолжува во кус врат. Чемберот е благо подвиткан нагоре, со раб во кој лежи капакот. Од две спротивни страни се поставени алки во кои се проврени кукачки на полукружна рачка. Капакот е широко конусен, насреде со три исчукани релјефни круга, а на врвот има леана пупка. Можело да се најдат и декорации на самото котле. Од предметите за домашна употреба ова котле спаѓа во посебно убаво изработените предмети, како според начинот на изработ ката така и според украсувањето. Формата на котлето е една од покарактеристичните за ова поднебје и котли со ваков облик се среќаваат со различни димензии.[1]