Костреш Арамбаша (српски: Костреш Харамбаша) - српска епска (ајдучка) песна.

Содржина уреди

Во Истанбул, царот му пишува писмо на Зуко (Зуле) од Удбина во кој му се жали на некој Костреш кој правел проблеми во Босна. Зуле го чита писмото и лее солзи, зашто не знае каде да ги најде Костреш и планината Тијана во која се крие тој. Сепак, Зуле сака да собере дружина за да го фати Костреш, но неговиот бајрактар Чулко го одвраќа, велејќи му дека Тијана е далеку, како и дека Костреш е многу опасен. Притоа, Чулко му раскажува дека еднаш Костреш го заробил и му го отсекол ушите. Меѓутоа, Зуле мора да ја изврши царевата наредба и собира војска со која оди на планината Тијана. Додека се одмара војската на Зуле, нив ги забележува Костреш и го убива Чулко, а другите Турци бегаат од страв. Другите ајдуци го слушаат пукотот на Костреш и ја заробуваат војската на Зуко. Тогаш, Костреш му ја отсекува главата на Зуко, а ајдуците ги бесат останатите Турци.[1] [2]

Осврт кон песната уреди

Песната прв ја запишал Вук Караџиќ, кој ја слушнал од Марко Немањиќ.[3] Иако се одликува со стереотипен почеток и крај, овие стереотипи воопшто не одат на штета на убавината на песната.[4]За Костреш Арамбаша се претпоставува дека е вистинита историска личност, но за него не се знае ништо конкретно. Сепак, тој е опеан во повеќе српски и босански народни песни. Дејството во песната се одвива во местото Удбина (Удбиња) кое се наоѓа меѓу Велебит и Јаворник, а за време на османлиското ропство, таму се наоѓала Силан тврдина. Планината Тијана не постои, а се претпоставува дека името погрешно го сфатил пејачот или запишувачот на песната, т.е. дека зборот „тијана“ означува тивка планина, а не име на планината.[5] Костреш е типичен лик на праведен судија. На злосторниците тој им удира срамен белег за да се познаваат уште од далечина, а неговото име сее страв кај Турците. Тој личи на кип на одмаздата кој оживува веднаш кога ќе се појават поробувачите, а неговите зборови сечат како нож.[6]

Наводи уреди

  1. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 57-61.
  2. Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 409-412.
  3. В.Ђ., „Поговор - О певачима“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 490.
  4. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 25.
  5. Хајдуци. Београд: Народна књига, 1965, стр. 149.
  6. Војислав Ђурић, „О народним епским песмама“, во: Војислав Ђурић, Антологија српских народних јуначких песама. Београд: Српска књижевна задруга, 2012, стр. 17.