Костадин Кантарџиев

Костадин Кантарџиев — македонски револуционер, деец на ВМРО (Обединета) и КПБ.

ЖивотописУреди

Костадин Кантарџиев е роден во 1896 година во разлошкото село Годлево. Учествувал во Септемвриското востание во 1923 година. Се зачленил во БКП. По поразот на востанието емигрирал во Југославија. Во 1925 година се вратил и се населил во селото Бачево. Во 1935 година бил уапсен и суден на процесот против ВМРО (обединета). Учествувал во партизанско движење во Пиринска Македонија во Втората светска војна. Во декември 1943 година бил тешко повреден во борба со бугарската полицијата, а потоа бил убиен во болницата во Разлог [1].

ИзвориУреди

  1. Македонска енциклопедија, МАНУ, Скопие, 2009, стр. 683