Коса (јазик)
Коса (isiXhosa) — еден од службените јазици на Јужноафриканската Република и дел од групата на нгунски јазици. Коса е зборуван од околу 7,9 милиони луѓе или 18% од вкупното население на државата. Како и останатите банту-јазици, коса е тонски јазик, односно истата согласка или самогласка може да има различно значење ако се каже со повисок или понизок тон. Една од најголемите одлики за овој јазик е присуството на чкрапави согласки. Самите согласки при изговор звучат како чкрапање или други призвуци во устата, така што и самиот збор „коса“ на почетокот е проследен со чкрапав звук.
Коса | ||||
---|---|---|---|---|
isiXhosa | ||||
Застапен во | Јужноафриканска Република, Лесото | |||
Подрачје | Источен Кејп, Западен Кејп | |||
Народ | Коса, Бака | |||
Говорници | 7,6 милиони (2007)[1] | |||
Јазично семејство | ||||
Статус | ||||
Службен во | ЈАР | |||
Јазични кодови | ||||
ISO 639-1 | xh | |||
ISO 639-2 | xho | |||
ISO 639-3 | xho | |||
Linguasphere | 99-AUT-fa вклуч. варијанти од 99-AUT-faa до 99-AUT-faj + 99-AUT-fb (isiHlubi) | |||
Гатриев код | S.41[2] | |||
Географска распространетост на коса во ЈАР
| ||||
| ||||
Јазикот коса | |
лице | umXhosa |
народ | amaXhosa |
јазик | isiXhosa |
држава | kwaXhosa |
Коса јазикот се пишува со латинична азбука. Во јазикот постојат три чкрапави звуци, односно се бележат со следните букви: „c“ го претставува забната чкрапка, „X“ го претставува страничната чкрапка и „q“ го претставува непчената чкрапка. За разлика од останатите тонални јазици во светот, во коса не се бележат тоновите при пишување.
Одлики и класификација
уредиНародот Коса ги неселувале крајбрежните територии на Јужна Африка уште пред 16 век. Самите себеси се нарекуваат „amaXhosa“, а нивниот јазик „isiXhosa“. Скоро сите коисански јазици имаат согласки наречени чрапки. Околу 15% од зборовниот фонд е од коисанско потекло.[3] Во современиот период јазикот има позајмено зборови од африканс и англиски.
Коса е најјужниот јазик на нгунските јазици, каде се и свазискиот, севернондебелски јазик[4] и зулу. Исто така има одредена сличност и разбирливост со останатите нгунски јазици. Нгунски јазици се дел од банту-јазиците.[5]
Коса е најрспространет јазик африкански јазик во Јужна Африка, додека зулу е најзборуван.[5] Коса е втор најчест јазик кој се користи по дома во ЈАР. Според податоците од 2003 година, поголемиот дел од народот Коса, околу 5,3 милиони живееле во покраината Источен Кејп, околу 2 милиони во Западен Кејп, околу 671.045 во Гаутенг, во Фри Стејт околу 246.192 жители, во Квазулу-Натал 219.826, во Северозападната покраина 214.461, во Мпумаланга 46,553, во Северен Кејп 51,228 и во Лимпопо 14,225.[6] Мал број Коса-говорници (18,000) има во Лесото.[3]
Дијалекти
уредиКоса има неколку дијалекти, меѓу кои најголемите се:
Јазикот денес
уредиУлогата на африканските јазици во Јужна Африка (ЈАР) е сложена. Нивната употреба во образованието била управувана со легислатива, започнувајќи со Актот за банту-образование од 1953.[5]
Денес, коса се користи како главен јазик во многу основни училишта во ЈАР, како и во некои средни учулишта. Сепак, после основното образование, учениците во добар дел продолжуваат да се образуваат на англиски. Јазикот се изучува и како училиштен предмет. Високообразовните институции во државата се на англиски и африканс, а коса се изучува како предмет.
На коса има објавено поезија и проза, како и весници и списанија. Првиот превод на Библијата на коса бил од 1859 година и бил подготвен од Хенри Хер Дагмор.[3] На коса има и телевизиски и радио емзии, како и филмови, драми, музика и слично. Најпознат изведувач на коса-песни е Миријам Макеба. Писменоста кај луѓето чиј мајчин јазик е коса се проценува на 50% (според податоците од 1996 година), но ова може да е доста променео особено по апертхајтот.[3]
Примери
уредиЈазик коса
| |
Писмо | латиница |
Пример | Прв член од „Декларацијата за човекови права“ |
Текст | Bonke abantu bazalwa bekhululekile belingana ngesidima nangokweemfanelo. Bonke abantu banesiphiwo sesazela nesizathu sokwenza isenzo ongathanda ukuba senziwe kumzalwane wakho. |
Македонски | Сите човечки суштествa се раѓaaт слободни и еднакви по достоинство и правa. Tиe се обдарени со разум и совест и требa да се однесувaaт еден кон друг во дуxот на општо човечкaтa припaдност. |
Портал: Јазици |
- Molo - здраво (за еден човек)
- Molweni - здраво (за повеќе луѓе)
- Unjani? - Како си?
- Ninjani? - Како сте?
- Ndiphilile - Јас сум добро.
- Siphilile - Ние сме добро.
- Ngubani igama lakho? - Како се викаш?
- Unangaphi? - Колку си стар?
- Malini na? - Колку пари?
- Yintoni le? - Што е ова?
- Ngubani ixesha? (Nguban'ixesha) - Колку е часот?
- Kuyabanda ngaphandle! - Надвор е ладно!
- Enkosi - благодарам
- Uxolo - ивинете
- Ngxesi - извини
- Nceda - молам
- Andiqondi/Andikuva - не разбирам
- Andiyazi - не знам
- Ndithetha isiXhosa kancinci nje - Јас зборувам само малку коса.
- Ndiyagoduka ngoku - Сега јас одам дома.
- Intwasahlobo ifikile - Дојде пролетта.
- Ndihamba ngebhasi - Јас одам со автобус.
- Ndingakwenzela ntoni? - Што можам да сторам за вас?
- Vula iincwadi zakho - Отвори ги книгите.
- Vulani iincwadi zenu - Отворете ги книгите.
Наводи
уреди- ↑ Nationalencyklopedin "Världens 100 största språk 2007" The World's 100 Largest Languages in 2007
- ↑ Jouni Filip Maho, 2009. New Updated Guthrie List Online
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ethnologue report for language code:xho
- ↑ „Online Xhosa-English Dictionary“. Архивирано од изворникот на 2004-04-13. Посетено на 2010-05-14.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 „UCLA Xhosa Language Materials Project“. Архивирано од изворникот на 2007-12-14. Посетено на 2010-05-14.
- ↑ South Africa Population grows to 44.8 Million.
Поврзано
уредиНадворешни врски
уреди- Профил за коса јазик Архивирано на 14 декември 2007 г.на UCLA Архивирано на 20 јули 2006 г.
- Извештај за коса на Етнолог Архивирано на 16 јули 2012 г.
- Коса-англиски речник
- Мал коса-англиски речник Архивирано на 13 април 2004 г.
- Коса јазик и култура Архивирано на 14 мај 2010 г.
- Коса на panafril10n.org
- Google на коса
- Умхолобо Венене ФМ
- Материјали за учење коса Архивирано на 4 мај 2010 г.
- Проверувач на правопис на OpenOffice.org и Mozilla Архивирано на 14 јануари 2007 г., OpenOffice.org Архивирано на 24 март 2007 г., Mozilla Firefox Архивирано на 10 февруари 2007 г., и Mozilla Thunderbird Архивирано на 24 март 2007 г. на коса
- Translate.org.za Архивирано на 14 јануари 2007 г. - проект за слободен превод