Бришење уреди

Според правилата на Википедија по правило се бришат сите страници кои се рекламен карактер, не само заради тоа што ова е енциклопедија, туку и за да се запази нејзиниот стриктно некомерцијален карактер. Ова е многу строго и апсолутно правило.

Меѓутоа, доколку сакате да ја преуредите страницата во статија за хотелот, таа треба да биде од непристрасно информативен карактер без описни зборови. Правилото стои тука (за жал, на англиски). Целокупниот тон на статијата треба да биде чисто информативен, но на ниеден начин рекламен. За да се постигне ова треба да се користи правилото на Неутрална гледна точка и здрав разум за тоа како статијата да не звучи рекламно. Поздрав и малку повеќе трпение. --Б. Јанкулоскиразговор 21:55, 10 февруари 2008 (UTC)