Корисник:Ljupce123/Pravoslaven misticizam

ТЕОЛОГИЈА И МИСТИКА ВО УЧЕЊЕТО НА ИСТОЧНИТЕ СВЕТИ ОТЦИ +++( Љубе Лазаревски )

Терминот-мистична теологија,овде не означува ништо друго освен една духовност,која изразува став на едно учење.Во извесна смисла секоја теологија е мистична,доколку таа открива и манифестира вистини за тајната Божја,основни моменти на откровението. Источното предание никогаш не правело јасна разлика меѓу мистиката и теологијата,меѓу личното искуство на божествените тајни и догмата што е потврдена од Црквата. Ниту една од тајните на најскриената мудрост Божја не треба да ни изгледа туѓа или потполно трансцедентна,туку сосема смирено треба да го приспособиме нашиот дух за созерцевање на божествените работи,ни вели Богомудриот митрополит московски Филарет. Источнатата Црква не случајно го резервирала името+БОГОСЛОВ+за тројцата свештени писатели,од кои првиот е свети Јован,најголемиот+МИСТИК+меѓу четворицата евангелисти,вториот е свети Григориј Назијанзин,автор на длабоко мисловни( созерцателни) поеми,третиот е свети Симеон,наречен+НОВ БОГОСЛОВ+,поет на единството со Бога.Затоа мистиката овде е разгледувана како совршенство,како врв на теологијата,како теологија во вистинска смисла на зборот.