Корисник:Gurther/Песок 3
Корицата на книгата | |
Автори | Алексо Мартулков Ѓорѓи Абаџиев |
---|---|
Земја | СР Македонија |
Јазик | Македонски јазик |
Серијал | Материјали за македонската национал-револуционерна историја (едиција) |
Предмет(и) | Македонското револуционерно движење Бугарска пропаганда во Македонија Македонски активисти во Бугарија Балканските војни |
Жанр | Автобиографија |
Издавач | Институт за национална историја |
Издадена | 1954 |
Страници | 389 |
Текст | Моето учество во револуционерните борби на Македонија на Викиизвор |
Моето учество во револуционерните борби на Македонија — автобиографија на Александар Ончев Мартулков, истакнат македонски револуционер, политичар и еден од најстарите пропагатори на социјализмот во Македонија. Делото бил напишано после втората светска војна и објавено во 1954 година. Книгата е шестиот дел по ред од поранешниот серијал „Материјали за македонската национал-револуционерна историја“. Првата книга била превод на спомените на Ѓорче Петров од Љубомир Милетиќ, втората книга била превод на спомените на македонскиот револуционер Славејко Арсов,[1] третата книга била превод на мемоарите на истакнатиот македонски национален херој Јане Сандански,[2] четвртата книга била превод на писмата на македонскиот национален херој и апостол Гоце Делчев и петта книга била превод на спомените на Лука Ѓеров и Лазар Димитров.
Книгата на Алексо Мартулков, како голем дел од книгите од истиот серијал, е автобиографија и ги документира револуционерните дејства за време на долготрајното турско ропство на Македонија. Книгата била единствената во серијалот којшто не била преведена од Милетиќ. Книгата исто така не е конкретно напишана од Алексо Мартулков туку е составена од најбитните белешки на Ѓорѓи Абаџиев кога дискутирал со Алексо Мартулков. Абаџиев истакнал во предговорот на книгата дека Мартулков иако бил стар за време на пишувањето на книгата, Мартулков бил околу 76 години кога Абаџиев ја пишувал книгата, имал квалитетна меморија и свесен однос што му овозможил да даде квалитетна перспектива кон револуционерното движење во Велес.
Книгата е составена од 389 страници со 47 поглавја каде што Алексо Мартулков детално раскажува за неговите млади години, како со пропагирањето на македонскиот преродбеник Васил Главинов тој почнал да се ориентира кон социјализмот, неговото учество во македонската револуционерна организација и нејзиниот следбеник. Како им помогнал на илинденците за време на нивното национално востание и за неговото учество во судскиот процес во Бугарија против ВМРО Обединета. Книгата може да се подели во четири главни дела: младоста, приклучување и учествување во МРО, улогата во ВМРО Обединета и активистички дејства во Бугарија.
Содржина
уредиМладоста
уредиПоглавје I
уредиПрвото поглавје на книгата се занимава со младите години на Алексо Мартулков. Во првите страници тој исто така го спомнал неговиот постар брат Петар Мартулков, но заради непознати причини тој грешно наведил дека брат му починал во 1907 година во Велес, додека Петар Мартулков починал во 1947 година кај Софија. Мартулков е роден во сиромашна и бедно семејство, неговиот татко се викал Јован Мартулков додека неговата мајка се викала Сава Мартулкова (момиско: Василова). Неговиот татко работел како брашнар додека мајка му работела во тогашната градска фабрика. За жал татко му загинал во млади години, кога Мартулков бил осумгодишна возраст, заради тоа тој бил радикализиран во млади години со социјалистичките дела кој Васил Главинов ги донесол од Софија.
Според Алексо Мартулков, комунистичкото дело којшто го радикализирал бил „Студенство и социјализмот“ од тогашниот пратеник во собранието на Бугарија Никола Габровски со потекло од Велико Трново. Тој го гледал социјализмот како симбол на слободата на работничката класа. Заради тоа во 1894 година тој заедно со неговите другари ја формирале првата социјалистичка организација во Велес и првата социјалистичка група во целиот македонски регион. Тие после формирале народно читалиште за граѓаните од Велес кое не било сврзано со нивното социјалистичко движење, тие ги добивале книгите од Васил Главниов. Во 1895 година се формирала македонската социјалистичка група и Мартулков се приклучил во групата заедно со други истакнати социјалисти како Никола Карев, Димитар Благоев и Димо Хаџи Димов.
Поглавје II
уредиВо 1896 година Алексо Мартулков почнал со неговите печалбарски дејства. Со помош од Васил Главинов тој успешно се преселил во Софија, Бугарија во период каде што македонската емиграција во Бугарија почнала да расте. Тој почнал да живее кај булевардот „Марија Лујза“, еден од најстарите булеварди во Софија.[3] Таму тој заедно работел со македонскиот социјалист Васил Главинов. Алексо Мартулков признал во неговата автобиографија дека заради смртта на татко му во млади години тој го гледал Васил Главинов како неговиот втор татко и бил восхитен кон неговите дејства и придонеси, Мартулков наведува во книгата дека татковска љубов од Главинов му останала во неговата душа за цел живот дури и после смртта на Васил Главинов. Тој работел кај местото на Главинов заедно со велешкиот социјалист Андреја Керемитчиев. При неговата преселба Мартулков имал проблеми со границата но Главинов му помогнал.
Тој помогнал со редактирањето на весникот „Револуција“ во тој период Мартулков соработувал со различни македонски социјалисти, меѓу нив биле Атанас Раздолов од Берово, Димитар Мирасчиев од Штип и неколку други. Во истиот период тој исто така се сретнал со една дружина целосно составена од руски емигранти во Бугарија, во тоа време и за време на преродбата во Бугарија немало конкретен бугарски идентитет и голем дел од народот се сметале како русофили. Други фигури кој Мартулков соработувал но не биле дел од истата група се Стојан Попов - Чичото, кој бил автор на многумина детски книги во Бугарија и Андон Шулев од Велес кој планирал да емигрирал во Швајцарија но заради економски недостатоци неможел да си ја исполни желбата. Во второто поглавје Алексо Мартулков истакнал како го прославиле празникот први мај заедно со комунистичката група на Главинов и за време на неговиот активизам за прв пат се сретнал со истакнатиот македонски национален херој и апостол на македонското револуционерно движење Гоце Делчев.
Поглавје III
уредиТретото поглавје почнува во 1900 година, Алексо Мартулков именува некои истакнати социјалисти и комунисти од Битолските, Скопските, Крушевските реони и Малешевија. Некои од именувани револуционери се Никола Петров Русински од селото Русиново, Веле Марков од селото Селце, бојаџијата Петар Иванов и социјалистот Никола Карев, двајцата од Крушево. Мартулков истакнал како главната причина зошто македонското социјалистичко движење страдало во нејзините први години е заради агресивната странска пропаганда присутна во Македонија во тој период.[4] Мартулков исто така спомнал како македонскиот народ немале големо влијание врз локалната индустрија бидејќи голем дел од високите позиции биле под контрола на Турците, Евреите во Македонија и Грците како дел од грчката пропаганда во Македонија. Заради тоа Мартулков заедно со Главинов почнале да организираат образовни програми за Македонците во Бугарија. Алексо Мартулков верувал дека слободата на Македонија и Одринско никогаш не можеле да го добиле преку мирни услови.
Во третото поглавје Алексо Мартулков си ги изјаснил неговите ставови кон ослободителното движење во Македонија, според него Македонија требала да ги ликвидира сите шовонистички пропагатори кој ги измамувале многумина од социјалистите во тој период. Мартулков е убеден дека ако Македонија сакала да остане како независна држава тогаш нејзината неутралност и структура треба да биде слична како градбата на Швајцарскиот систем. Вакви ставови не се нови и за време на 1890-тите и 1900-тите од странски набљудувачи Македонија го добил прекарот „Балканската Швајцарија“. Мартулков исто така истакнал како ги мразел шовонистичките стремежи на соседите на Македонија како Санстефанска Бугарија која била создадена од Руското Царство заради политички причини,[5][6][7] Велики Србија и Голема Хелада, Мартулков исто така бил убеден дека никогаш немале да добиле независност ако соработувале со друга држава и дека македонското движење требало да биде целосно независно.
Поглавје IV
уредиВо четвртото поглавје Мартулков пишал за неговото враќање од Софија во Велес. Тој се вратил во градот заедно со комунистот Андон Шулев и Васил Главинов, тие продолжиле со нивните дејства. Андон Шулев по одобрувањето на општината успешно се вработил како професор по историја и француски јазик во старата велешка гимназија сега позната како „Кочо Рацин“. Алексо Мартулков верувал дека заради неговиот недостаток на средношколско образование неможел да продолжил со социјалистичките дејства, заради тоа одлучил повторно да се запише како ученик во велешката гимназија. Бил сместен во II година кога повторно се запишал. Според Мартулков тој немал проблеми со неговите соученици и кога имале час по историја тој намерно би го прашал Андон Шулев, неговиот другар и професорот по предметот, за социјализмот и за Карл Маркс со цел да ги радикализирал другите ученици.
При неговото образование тој се сретнал со велешкиот социјалист Саздо Ризов, постариот брат на македонскиот револуционер Ризо Ризов. Тој спомнал како Саздо Ризов примил весници и брошури од Васил Главинов и со негова помош ги ширеле кај велешкото население, некои од книгите биле додадени во велешката социјалистичка библиотека претходно основана од Мартулков. Александар Мартулков исто така спомнал како во 1896 година Гоце Делчев организирал план каде што го пратил Иван Манолев - Кукушанец да го украдел планот на едно артилериско орудие од софиското воено училиште којшто претходно го исклучиле Гоце Делчев заради неговите идеи и преку Васил Главинов да го пратиле кај Делчев којшто во тоа време бил во Солун. После тоа Мартулков почнал да работи во печатницата на Лазар Главинов, братот на Васил Главинов. Тие биле придружени со Дамета Малезанов. Добивале редовни тиражи од социјалистичкиот весник „Револуција“ и весникот „Политичка Слобода„. Но Главинов ги криел кога минел низ границата за да не бил уапсан и казнет.
Поглавје V
уредиПеттото поглавје е за грчко-турската војна во 1897 година, според Мартулков голем дел од велешкото население и голем дел од дејците во Македонската револуционерна организација биле на страна на Кралството Грција иако знаеле дека би изгубиле. После кратката војна се појавила таканаречената виничка афера каде што имала последици во македонското револуционерно движење. Во тоа време Алексо Мартулков уште бил ученик во велешката гимназија како III година. При аферата Мартулков за прв пат почнал да се запознава со МРО. Тој открил за аферате од неговите соученици кој голем дел биле тајни членови во македонската организација. Откако завршил со неговото тригодишно средно училишно образование тој одлучил да продолжил факултетско образование во тогашното педалошкото училиште во Скопје. Тој таму исто така продолжил со пропагирањето на социјалистички идеи но бил придружен со Петар Манџуков и Ордан Шурков, постар брат на македонскиот социјалист Андон Шурков.
Неговите нови соработници имале повеќе анархистички идеи отколку социјалистички. Тој отидол во пансион во Скопје за да можел да си го продолжил неговото образование, некои од учениците од неговиот претходен клас исто така биле во истиот пансион со Мартулков, меѓу нив биле Иван Елезов, Андон Димов, Методи Поп Гошев, Богдан Баров, Тодор Доратеев и Крум Чакаров. За време на неговата соработка со Ордан Шурков тој повеќе се запознал со анархистичките ставови и нивните барања во Македонија, тој исто така добил примероци од различни руски анархистички весници, меѓу нив биле „Отм'шчение“, „Одно от двух“, „Казнитј итти вперјод“ и „Помиловатј и застеретј на полдогоре“. Мартулков во неговата книга спомнува како нивните идеи и ставови биле премногу радикализирани и дека никогаш немале да добиле доволно учесници за нивното движење, но тој исто така истакнал како анархизмот бил популарен помеѓу младите и помеѓу учениците во школото и само преку нив можеле да си прошират нивната револуционерна анархистичка идеалогија.
Поглавје VI
уредиВо шестото подглавје Алексо Мартулков зборува и спомнува различни теми. Првата тема е за тоа што Петар Манџуков со помош од македонскиот анархист Михаил Герџиков и други Македонци во Бугарија формирале анархистички кружок во гимназијата кај градот Пловдив. Еден од поистакнатите дејци кој што им помогнал на Манџуков и Герџиков е Јордан Бошков родум од Велес. Според сеќавањата на Мартулков, Бошков не бил анархист туку нихилист и ја примил таа идеалогија кога работел како печалбар во Русија. Бошков исто така бил голем алкохоличар според Мартулков и редовно бил пијан кога имале средби, тој исто така учествувал и помогнал во соединувањето на Кнежевството Бугарија со Источна Румелија. Нивниот прв проблем бил собирање на пари, заради тоа еден од нив одлучиле да го украдече панагијата на вујко им Натанаил и после со помош од Јордан Бошков успешно го продале за голема цена во Пловдив. Натанаил брзо открил и не бил среќен со неговата кражба но сепак одлучил да соработува со анархистите.
Во втората половина на поглавјето Алексо Мартулков го пофалува Натанаил Кучевишки заради неговите придонеси кон македонското револуционерно движење, тој истакнува како Натанаил бил еден од главните организатори на Македонското востание. Според сеќавањата на Мартулков Натанаил редовно им помогал на младите македонски имигранти во Бугарија кој биле сиромашни преку парични донации. Заради тоа многумина Пирински Македонци биле восхитени кон неговите придонеси. Според Алексо Мартулков, Трајко Китанчев и Натанаил Кучевишки биле роднини, но никогаш не дообјаснил во која смисла. Тој на крајот на подглавието спомнал како при неговата посета кај другар му Коста Кирков тој за прв пат се сретнал лично со истакнатиот македонски национал херој и апостол на македонското револуционерно движење Гоце Делчев. При нивната средба Алексо Мартулков се договорил да им помогне на Македонската револуционерна организација но немало да се приклучил како целосен член на организацијата.
Поглавје VII
уредиСедмото поглавје е многу по кратко со разлика од другите претходно спомнати поглавја. Алексо Мартулков во седмото поглавје дискутирал за тема не редовно спомната во македонската историографија. Според Мартулков односот помеѓу Васил Главинов и македонскиот револуционер Гоце Делчев бил непријателски, нивниот проблем почнал со Васил Главинов. Во Софија, Бугарија со економска помош од Гоце Делчев, Главинов создал работилница со неколку македонски социјалисти во Бугарија, меѓу нив биле Глигор Серлиев и Коста Кипров, ученик во педалошкото училиште во Ќустендил и Пирински Македонец од Мехомија. После неколку недели Гоце Делчев побарал Васил Главинов да го платил назад за тоа што вложил. Главинов рекол на Гоце Делчев дека ги имал парите но тие биле закопани под една дрво надвор од градот Софија и кога врнело заради калта парите излегле и кога повторно отидле да ги земат биле изгубени, никој не му верувал, дури и Алексо Мартулков кој го гледал Главинов како втор татко сметал дека тоа било фалсификат и никаде немало закопано пари.
Сепак Гоце Делчев не бил убеден, според Алексо Мартулков, Делчев имал сериозен и строг карактер и бил разочаран кон лагите на Главинов, тој планирал да го пријави кај Македонската револуционерна организација заради неговата измама. Но во тогашниот устав такви измами биле казнети со смрт и Делчев нејќел да го уби Главинов бидејќи иако го измамил Гоце Делчев, тој сепак знаел дека парите отидле во добра цел и дека Васил Главинов имал добро искуство, според Алексо Мартулков, Гоце Делчев го именувал Главинов како „фанатик социјалист“. После два месеца од случајот Алексо Мартулков повторно почнал да патувал назад накај Велес, при неговото патување добил писмо од Главинов и имал цел да го прати кај македонски дејци од МРО кој работеле во железничката станица покрај селото Саблер, Ќустендилско. Во неговата посета се сретнал со македонскиот револуционер Александар Минов, кој според Мартулков му бил школски во основно. После неколку часа им го давал писмото и почнал повторно да патувал кон неговиот мајчин град Велес.
Учество во МРО
уредиПоглавје VIII
уредиОсмото поглавје е исто така кратко поглавје. Алексо Мартулков во оваа поглавје претежно дискутира за неговото патување од Софија кон Велес и селата којшто ги поминал при неговото патување. Тој си го почнал патувањето во есента 1899 година, првото село кој го поминал било Кукуречани, Битолско бидејќи неговиот другар Андон Шулев работел таму во тоа време како чифлек, останал тамо за неколку дена и после патувал кај градот Неготино. Таму тој се сретнал и се запознал со различни македонски социјалистички активисти, меѓу нив биле Владо Генџов со потекло од Велес, Никола Тупарев со потекло од Скопје и Пано Малчев со потекло од Штип. Мартулков истакнал како тројцата активисти живееле во истиот стан заради нивниот недостаток на пари. Алексо Мартулков исто така се сретнал со професор од скопското педалошко училиште, алумнусот на Мартулков. Професорот се викал Ѓорѓи Зердев со потекло од Прилеп, тој исто така соработувал со МРО и заради тоа посакал да го контактира Алексо Мартулков.
После неколку дена во Неготино тој патувал и престојувал во градот Кавадарци. Таму Мартулков бил придружен со Владо Генџов и тие заедно биле гости кај Никета Илиев, исто така од Велес. Заедно со Никета живеел и директорот на тогашната единствена гимназија во Кавадарци Христо Стојанов - Чолакот кој по потекло е од Гевгелија. После еден ден тој поминал покрај истакнатото село Ваташа каде престојувал кај македонскиот револуционер Илија Тошев со потекло од Прилеп, Илија Тошев, како многумина од другите спомнати, бил социјалист и помогнал со пропагирањето на комунизмот. После тоа се вратил во Неготино и се сретнал со велешанецот Мишо Тутунџиев кај железничката станица. Заедно со Тутунџиев патувале во Демир Капија и после ручале во селото Прждево, месното каде Благој Јанушев се родил, после тоа пристигнале кај Владимирово. Во овој период Алексо Мартулков се приклучил официјално во Македонската револуционерна организација, означувајќи нов дел во книгата.
Поглавје IX
уредиВо оваа поглавје Алексо Мартулков дискутира за Валандовската афера. Според Мартулков аферата почнала неколку дена откако си отидол од градот. Главниот јунак во таа афера бил Мехмед-паша Дерала со потекло од Тетово, Македонски Албанец според народност. Мехмед Дерала бил главен началник на жандармеријата на Солунскиот вилает. Мартулков дискутира за последиците на аферата кон македонската револуционерна организација, според него различни селани од Гевгелиско и Дојранско биле уапсани и затворени. Меѓу затворените бил Иван Бардарев, деец на МРО кој успеал да избегне од затвор. Отоманската власт исто така се обидувале да го откријат името на Алексо Мартулков кој бил во градот неколку дена пред аферата и го сметале како сомнителен но селаните во градот не му го памтеле името и Мартулков признал во неговата книга дека користел различни лажни имиња за негова сопствена безбедност. Во Велес се враќа околу јануари 1900 година со нездрави услови.
Во првите месеци на 1900 година Мартулков редовно боледувал и страдал од чума. Имало можност да загинал младиот револуционер но бил спасен од велешкиот доктор Александар Клеј кој бил Грк по народност. После еден месец тој повторно бил здрав, но според Мартулков тој би страдал од последиците на болеста за цел живот. Во втората половина на поглавјето Алексо Мартулков дискутира за неговите ставови кон основачите на МРО. Мартулков истакнал како голем дел од членовите на МРО ги гледале основачите Петар Поп Арсов, Ѓорче Петров и Даме Груев како светци и кога истакнале нешто тие никогаш не верувале дека не биле во право и секогаш постапувале како што сакале основачите. Мартулков исто така признал во неговата книга дека е восхитен кон нивните придонеси во националната историја на македонскиот народ. Во овој период Алексо Мартулков купил четири пиштола модел „Бешлии“.
Поглавје X
уредиПосле неколку месеци во Велес Мартулков заедно со помош од неговите другари успешно купил стан во Скопје. При неговото време во Скопје тој бил известен за пристигнувањето на неговите другари Никола Русински и Јордан Малезанов кој претходно работеле како печалбари во Софија и Србија. Алексо Мартулков заедно со неговиот другар Јордан Малезанов почнале да патуваат кон Велес пешки додека нивниот другар Трајко Иванов од странство би пристигнал во Велес со воз. За еден ден Мартулков заедно со неговиот другар успеале да патуваат од Скопје до Катланово. Во ноќта го поминале мостот на реката Пчиња. Но при нивното патување почнало да врне и тие го изгубиле патот, после два дена биле покрај селото Брезница. Нивната цел била да пристигнале во Башино Село. После три или четири дена од почетокот на нивното патување тие успешно стасале, го оставил Малезанов и Алексо Мартулков се вратил во Велес. Патот бил покрај крајот на август 1900 година. Во летото на 1899 година Алексо Мартулков повторно се сретнал со неговиот поранешен соученик Илија Раштанов со потекло од Велес, Раштанов учел во тогашниот хемиски факултет во Софија.
Кога повторно се сретнал со Илија Раштанов Мартулков открил дека Раштанов исто така почнал да се ориентира кон социјализмот и комунизмот. Раштанов откако завршил со неговото факултетско образование станал професор по хемија во истакнатата велешка гимназија, Раштанов исто така се приклучил во ВМОРО околу овој период. После тоа Мартулков се вратил во Софија и ја добил улогата да собирал оружја за Македонската револуционерна организација. За време на Велигден Алексо Мартулков заедно со неговите другари Јордан Малезанов, Никола Русински и Трајко Иванов одлучиле да го ограбат богатиот торбеш Хаџи Јована. Тие му го посетиле неговиот дом, со пушки и пиштоли без куршуми му се заканиле дека ќе го убиле ако не соработувал со нив. Но тој се исплашил и им фрлил кесе со пари и си го заклучил неговиот дом. Кесето содржило 160 турски лири, што им било доволно, и заради тоа што немале куршуми тие одлучиле да се вратат назад кај нивниот заеднички апартман во Софија.
Поглавје XI
уредиНивната огражба на богатата паша имала големи последици, неколку дена после случајот Алексо Мартулков бил повикуван во турската полициска станица на градот. Кога влегол зборувал со градноначалникот и главниот на станицата, кога се претставил како Александар Мартулков еден од турските полицајци агресивно го прашал „diver paralar nerdeler“ (современ турски: Para nerede). Што во превод значело „кажи каде се парите“. Без чекајќи за одговор полицаецот почнал да го тепал по главата со неговото оружје и почнало да му тече крв на Мартулков. Полицаецот прекинал откако добил опомена од главниот водач на станицата дека ако продолжил тогаш вената на Мартулков би била инфицирана. Поцијаците го прашале за парите кој ги украделе од Хаџи Јована но Мартулков го негирал нековото учество во гражбата. На крајот Мартулков бил уапсан и поставен во затвор, но брзо открил дека главните на затворот биле турските браќа Амет и Демарша, кој според Мартулков биле многу блиску со неговата мајка што дури ја сметале како сестра.
Сепак условите на Мартулков не биле целосни поволни, тој бил редовно тепан во неговиот затвор. Во Отоманскиот судски систем имало закон дека истражувањата траеле за три дена и после тоа ако немало доволно доказ би бил ослободен затвореникот. Кога трите дена поминале судот одлучил да го продолжи истражувањето, Мартулков би останал во велешкиот турски затвор за дополнителни два месеца. После тоа по наредба од турскиот судски систем тој бил прогонет да служил пет месеци во Куршумлиот ан. Според Мартулков тој бил поставен во ќелијата со најлошите услови, местоположбата на ќелијата била првата од главниот влез на левата страна под скалите со името „Истинав Коуши“. После петта месеца тој конечно говорил пред турскиот суд во Скопје, Мартулков заради неговиот недостаток на пари неможел адвокат да платил и заради тоа сам се бранел. После неколку сведоци тој успеал да го убеди судот да го ослободи и успешно можел повторно да се врати во неговиот роден град.
Поглавје XII
уредиБлиските другари на Алексо Мартулков, Веле Марков и Никола Русински формирале социјалистичко здружение во нивната работилница во Битола. Кога ја формирале групата тие ги пропагирале нивните идеи кон младите ученици во битолската машка гимназија, Ѓорѓи Сугарев, Лазар Москов и Александар Евтимов биле некои од учениците којшто го прифатиле нивното пропагирање. Но според Мартулков внатрешните кругови на Македонската револуционерна организација не се согласувале со нивниот пристап. МРО им се заканиле дека ќе имале санкции и заради тоа Русински и Марков се сретнале со Даме Груев и се договориле дека ќе ја укинале социјалистичката група и дека немале да бидат казнети, Груев им го прифатил предлогот и социјалистичкото здружение распаднало. Пред да заминале тие му пратиле писмо кај Мартулков кој престојувал во Велес. Мартулков го добил писмото од револуционерот Борис Весов, поранешен ученик во солунската машка гимназија.
Во писмото Марков и Русински истакнале како со компромизот добиле високи улоги во македонската организација, Веле Марков станал војвода за крушевската околија додека Никола Русински станал главниот организатор на четничкиот институт на МРО во втората револуционерна област, познат како битолскиот округ. Алексо Мартулков не бил среќен со нивната одлука, тој сметал дека нивното уништување на силна и влијателна социјалистичка организација била предавничка одлука и дека постапиле спротивно од идеите на социјализмот и комунизмот. Мартулков ја почитувал МРО и ги почитувал нејзините основачи но сметал дека нивниот однос кон социјалистичката организација била против интересите на македонското национално движење. Во писмото Марков и Русински му предложиле на Мартулков да соработувал повеќе со МРО но тој им ја одбил нивната понуда со неговото писмо. Некои водачи од МРО исто така посакале да ја укинат и старата македонска социјалистичка група во Велес, создадена од Мартулков и Васил Главинов во 1894 година, но Гоце Делчев им ја одбил одлуката и истакнал дека би го пранел правото на социјалистичката група. Мартулков бил восхитен кон храброста на Делчев.
Поглавје XIII
уредиЕдно утро кога престојувал во Велес, Мартулков бил известен дека македонскиот револуционер од МРО Трајче Христов го повикнал да го посети во велешката црква „Св. Ѓорѓи“, којшто во тоа време било училиште формирано за време на активистичката дејства на преродбеникот Јордан Хаџи Константинов Џинот, таму Трајче Христов го критикувал Мартулков за неговите социјалистички дејства. Христов му рекол „Вие, социјалистите, пак си го пуштивте појасот како во пусто село без кучишта, сте почнале да распраќате анонимни писма до некои видни имашливи граѓани, да ви дадат пари. Им наредувате парите да ги оставаат на извесно посочено место, во спротивен случај ги заплашувате со смрт. Еве од нив едно писмо, читај го!“ и после додадол „ВМОРО нема да ѝ дозволи на никоја друга организација во нејзината територија да ги мачи граѓаните“. Мартулков го прашал Христов како тој ја сфатил дефиницијата на „територија“, дали револуционерно или џандарско. Мартулков истакнал како само џандарите се грижеле за правата на богатите чорбаџии додека дискриминирале кон сиромашните работници, тој исто така истакнал како и МРО краделе од богатите, како пример за време на Валандовската и Виничката афера.
Трајче Христов запрал и после некој момент истакнал „Не се сомневам во твојата искреност и те познавам како чесен и со голем идеализам младинец, со кого може да се соработува и би сум те молел во иднина да работиш и меѓу другите наши другари, да ги восприемат наполно твоите мисли“. После се поздравил со Мартулков рачно. Во 1903 година Мартулков одлучил конечно повторно да се вратил кај социјалистичката група во Скопје, таму се запознал повторно со неговите социјалистички другари во градот како Лазар Главинов, братот на Васил Главинов, Крум Чакаров, Тодор Доротеев, Богдан Баров и многумина други. При неговото време во Скопје тој учествувал во конференција каде што читале делата на истакнати комунисти и социјалисти како Карл Маркс. Тие исто така дискутирале нивната соработка со Македонската револуционерна организација и со нејзините членови. Во средбата присуствале различни членови од МРО, како Панко Брашнаров, Иван Елезов, Андон Димев, Димче Кипров кој бил Пиринец со потекло од Мехомија. Мартулков исто така истакнал како неговата група биле блиску со Гемиџиите и како членови од групата Гемиџии го користеле прекарот „баџанец“ со Мартулков.
Учество во револуционерните борби
уредиПоглавје XIV
уредиПоглавието почнува со Алексо Мартулков дискутирајќи за странската пропаганда во Македонија и како нејзиното силно присуство го оштетило македонското национално движење. Според Мартулков од сите пропаганди присутни во Македонија, српската пропаганда била најсилната покрај Велес и велешкиот крај. Мартулков исто така песимистички истакнал како не би бил изненаден ако српската пропаганда и бугарската пропаганда била злоупотребена од Македонската револуционерна организација да приклучи повеќе членови. Мартулков пишал „Јас на многу места во своите спомени пишувам за теророт и не сум негов обожавател. Овде не би сум пишал за него, ако тој не беше употребуван од ВМОРО. Не би било чудно, ако тој беше употребуван во почетокот од создавањето на Револуционерната организација за водење вооружена борба за нашето национално ослободување. Покрај тоа, таа Вооружена борба се водеше и против туѓите пропаганди.“ Мартулков дообјаснил дека во првите години на организацијата нејзиниот услов за приклучување во организација биле многу построги и тие со албанско, влашко и турско потекло не им било дозволено право за членство.
Мартулков истакнал во поглавието дека кога дускутирал со македонскиот револуционер Пере Тошев, тој му спомнал како еден од основните причини зошто МРО била создадена е заради бугарската и српската пропаганда во Македонија и нивното силно влијание и успех. Алексо додадол дека разговорот со Тошев бил во 1907 година кај Горна Џумаја. Во следните параграфи Мартулков си ги истакнал неговите ставови кон спорот околу првиот устав на Македонската револуционерна организација, според него уставот на БМОРК дури иако да бил вистински не го користело терминот „Бугарин“ со смисла на денешниот регионален народ во Бугарија туку бил користен за обележување на македонските егзархисти. Тој бил среќен со одлуката на вториот конрес на ВМРО каде што условите за влез биле сменети да примаат секој граѓанин со потекло од Македонија и Одринско. Мартулков истакнал како во 1890-тите се одвивала жестока борба помеѓу српската и бугарската пропаганда за кои би ја имал нивната црква во Башино Село. Таму главниот водач на српската пропаганда бил Пере Ташов, роден од Велес и пред тоа работел како трговец. Тој бил редовно платен од двете страни и станал многу богат како резултат.
Велешкиот народ остро реагирале кон силната пропаганда во селото, организирале различни средби во дворот на велешкото училиште „Св. Кирил и Методиј“. Таму меѓу учесниците бил и Александар Мартулков, таму народот организирале апели за Султанот и Големиот Везир. Нивните главни посакувања биле да се прекине српската и бугарската пропаганда во Велес, но после неколку недели турската полиција им го уништиле движењето и многумина биле уапсани и затворени. Мартулков во последните страниците на поглавието ја раскажал случката кој го убило Димчо Шурков, роднина на Андон Шурков и Јордан Шурков. Македонската револуционерна организација според Мартулков ја злоупотребувале случајот и ја претставиле смртта на Димчо Шурков како организиран атентат од српската пропаганда иако неговиот убиец го убил бидејќи бил пијан и неговиот убиец бил Бошњак, наместо Србин. Околу тоа време пристингнал српски доктор од Стара Србија во Велес и ги лекувал граѓаните без пари, заради тоа можел поуспешно да ја шири српската пропаганда.
Поглавје XV
уредиАлексо Мартулков бил поканет од Јордан Шурков во таена средба со цел да се договориле како би го убиле тогашниот крал на Србија Александар Обреновиќ. Јордан Шурков посакал Мартулков да патувал во Белград со цел да играл улога врз атентатот. За време на средбата Мартулков го зедол зборот и рекол: „Другари, за жалост јас не можам да се придружам кон вашиот ентузијазам да си го жртвувате животот за убиство на српскиот крал. Од тоа дека убијците ќе бидат избрани со жрепка, очигледна е готовноста на сите да го жртвувате животот. Извршувањето на тој атентат може да стане само кога неговите автори се решени главата да си ја стават в торба. Но јас имам малку поособено мнение за таа работа. Како социјалист не можам да се согласам на една акција, која ја има за цел осветата и се подржува од анархистите. Но убиството на кралот ако донесе крај на пропагандата кај нас може да се допушти. Но слабо можам да верувам, зашто пропагандата кај нас не е дело само на кралот, ами е дело на српската власт која ја смета како државна неопходност и со убиството на кралот таа нема да престане.“
Мартулков продолжил: „Мене ми се гледа увлеченоста за борба само против српската пропаганда многу опасна, без да се води таа и против другите пропаганди. На пример, великобугарската, чиј истакнат фактор е кнез Фердинанд Кобург. Би следувало дека истовремено и тој треба да биде убиен, а понатака и грчкиот крал во Атина. Но јас не гледам сега, во таа разгорештена борба против српската пропаганда, ни сенка од обид за борба против великобугарската пропаганда. Напротив, нејзините агенти тука се најактивни сега и под нивно влијание се привлечени сите за да се усложнат настаните кај нас со создавањето на извонредна положба од власта.“ После долгиот говор на Мартулков движењето за убиството на Александар во Велес било исфрлано, некои другари на Мартулков како Јордан Шурков сепак продолжиле да планираат но на крајот Обреновиќ бил убиен од внатрешните српски политичари наместо од македонските активисти. Алексо истакнал како бил среќен со укинувањето на суровата тирана на Обреновиќ но не бил среќен со кога било постапено.
Поглавје XVI
уредиВо 1900 година голема борба почнала помеѓу училиштата во Велес, судрите почнале кога ученик од прва година во велешката гимназија бил исклучен заради неговото недоволно поведение. Детото бил чорбаџија и заради тоа неговото исклучување го привлекло вниманието на Авксенти, главниот организатор на чорбаџите во Велес, тој се спротивставувал со одлуката на училишниот совет и посакал ученикот повторно да бил примен. Советот не се согласиле со одлуката и заради тоа Авксенти го контактирал тогашниот турски кмет на градот и некои од професорите во гимназијата биле отстранети од нивната работа заради одлуката на советот. Голем дел од граѓаните во Велес, вклучувајќи и го Алексо Мартулков, не биле среќни со случајот и верувале дека вмешувањето на турската власт била заради политички причини. Професорите во гимназијата почнале да се протиставаат кон турската администрација и професорите најавиле штрајк и учебната година прекинала. Некои порадикализирани граѓани почнале да организираат протести пред месноста на кметот. За време на штрајкот повеќе професори си ја изгубиле работа што доведе до повеќе жители да се приклучат во штрајкот.
Како резултат од штрајкот група на граѓани организирале делегација и биле пратени кај кметот на градот, некои од членовите во делегацијата биле Јордан Шурков, Андон Шулев и Алексо Мартулков. Некои од членовите на делегацијата кога го посетиле кметот му ја пакнале раката, нешто што Мартулков во неговата книга истакнал како не се согласувал со нивното постапување. Јордан Шурков седнал во стол без одобрување од кметот што го налутило но Шурков му истакнал како имал побитни проблеми да се грижел. Андон Шулев им ги дадол пораките од граѓаните кон кметот, главните побарувања на граѓаните биле да се намали мешањето на политиката врз нивните образовни училишта и да се одржувале избори каде народот можеле да одбрат градоначалник. Кметот не се согласувал со нивните побарувања. Но Шулев истакнал како неговото внатрешно вмешање било против уставот на Отоманското Царство и уставот на Бугарската егзархија кои имало големо влијание врз училиштето. Сепак турскиот кмет на градот одбил да го прифатил предолог и заради тоа некои членови од делегацијата почнале да биле поотпорни, некои претставници викале „Долу владиката!“ и „Да се чисти од Велес!“. Членови на советот на кметот сметале дека ситуацијата не можела да постигне мирување преку дипломатски обиди и заради тоа го повикувале градскиот гарнизон да ги убиле или уапсиле сите делегати.
Штрајкот и протестите пред советот прекинале со доаѓањето на гарнизонот, различни лица биле уапсани, тепани или убиени. Другарите на Мартулков, Јордан Шурков и Андон Шулев, се скриле во градот за да не биле фатени. После неколку дена го фатиле Јордан Шурков но никогаш не успеале да го уапсаат Андон Шулев. Мартулков бил поштетен од тепањето и уапсувањето заради неговиот неутрален однос за време на средбата со кметот. Кметот посакал сите уапсани да биле осудени во државниот суд и да биле убиени. Главниот суд, кој Мартулков истакнал дека си ја добил дипломата од Франција, неможел да најде некои закон кој што го прекршувале учесниците во протестот и заради тоа сите биле ослободени без казна. Судот им препорачувал да го пакнале по раката кметот и да побарале проштевање, но претставниците одбиле. После случајот кметот го остранил директорот на гимназијата Бано Кушов.
Поглавје XVII
уредиВо јануари 1903 година Македонската револуционерна организација одржала средба во Солун. Еден од главните одлуки биле прогласувањето на Илинденското востание. Според Александар Мартулков, состојбата на скопскиот револуционерен округ била ужасна, немале доволно сила или организација за да можеле успешно да го одвиваат востанието. Заради тоа централниот комитет на МРО го пратиле Алексо Мартулков во кумановскиот реон со цел да им помогне со организирањето. Таму Мартулков се запознал со водачот на кумановскиот регион Илија Левков, тој исто така во тој период служел како директор на кумановската гимназија. Мартулков бил придружен со Никола Пушкаров, тогашниот водач на скопскиот округ. Мартулков му предложил на Левков дека би им помогнал со организирањето ако можел да го пропагира социјализмот во реонот, Левков го прифатил предлогот бидејќи му требало помош со организирање. Прв орган кој Мартулков им го подобрил е финансии. Според Мартулков состојбата на финансите биле неповолни и неможеле ни да ги земат најосновните материјали за востанието. Со помош од Мартулков тие успешно собрале 450 лири за кратко време, што било многу во тоа време. Тие ги добиле парите од богати Македонци во Куманово кои го посакале ослободувањето на Македонија.
Друг проблем кој се судрил Мартулков со организирањето е оружјето. Скопскиот округ немале доволно оружја за востанието и во тој период имало силно присуство на српските четници во кумановско. После неколку договори тие се запознале со три Албанци во контрачетничка група и купиле 50-60 пушки, нивниот модел бил „кокинки“, тие исто така купиле 20 пиштоли, нивниот модел бил „бешлии“. После два месеци во Куманово Мартулков истакнал како турската полиција почнале редовно да го малтретирале и заради тоа требало да се вратил во Велес. Во јуни 1903 година повторно се вратил во Куманово и бил назначен да патува во Софија. Мартулков требало да го почекал Никола Пушкаров но заради тоа што бил вмешан во други проблеми Мартулков патувал кон Софија без дружба, Мартулков преку Србија влегол во Софија. Мартулков бил понуден да се приклучил во четата на Милан Ангелов од Прилеп но Алексо посакал да се приклучил во велешката чета на Никола Дечев. Кога Мартулков се обидувал да се вратил во Македонија за востанието тој бил забранет од страна на Задграничното претставништво во Софија. Тие посакале да му дадат пасош со лажно име за Мартулков, но според Алексо тие биле многу бавни. Во тоа време кога чекал во Софија четата на Никола Дечев, Глигор Манасиев и други имале судир со турски аскери во кратовското село Луково и биле поразени до многубројни жртви.
Во истиот период Никола Пушкаров се обидувал да го уништи железничкиот мост помеѓу Зелениково и Велес. Откако не успеал тој бил пронајден од турски авторитет и во Ѓуришкиот врв, светиниколско се судриле со турскиот гарнизон. Во борбата Пушкаров бил поразен но успеал да преживее и со останатите членови во четата тие се преселиле во Софија за да одржиле средба со Мартулков. Тие побарале Мартулков да се вратил во Скопје и да земал експлозивни материјали кои се наоѓале во манастирот „Свети Јован“ во Ветерско, Велешко. Главната цел на експлозивите биле да се користат во атентат во Скопје со цел да ги привлекле вниманието на западните европски земји, слично со целта на Солунските атентати. Со мисијата на Мартулков тој добил помош од српскиот потполковник Жика Рафајловиќ и Света Симиќ, тогашен началник на пропаганда при министерството на просвета во Србија. Тие најавиле дека посакале да соработуваат со македонските револуционери и да им помогнат со востанието. Но тие не им помогнале со доброволна цел туку планирале да ја шират српскита пропаганда преку македонската организација. Кога минел низ српската и бугарската граница Мартулков престојувал кај Рафајловиќ во Врање за десет дена. После неколку дена тој го прашал Рафајловиќ зошто неможел да влезе во Македонија заради небезбедната состојба на скопскиот округ. Мартулков забележал во неговите спомени како заради битките со турскиките аскер, каналите на организацијата биле уништени. Во средба со Мартулков, Рафајловиќ кажал „Ние, Србите, сме зад Македонците по организација. Македонците нѐ претекнаа, а наша организација нема во Кумановско и Прешевско, а можно е да настрадате.“. Мартулков истакнал во неговите спомени како му го негирале македонскиот идентитет и го викале Бугарин.
Поглавје XVIII
уредиПосле поразот на Македонската револуционерна организација во 1903 година српската и бугарската пропаганда во Велес биле засилени. Од Србија доктори биле пратени во градот и ги лечиле граѓаните кои страдале за време на востанието. Докторите ги лечеле само тие кои се декларирале како Срби во градот, заради тоа бројот на „Срби“ се зголемило. Според Алексо Мартулков некои од докторите биле Давид Димитриевиќ и Кирковиќ, со нив ги придружил македонскиот србоман Јован Бабунски. Заради неговиот добар однос со Жика Рафајловиќ централниот комитет на МРО побарале Мартулков да соработувал со српските доктори и Бабунски и да им ги пријавил нивните цели и планови кон комитетот. Мартулков спомнал во неговата автобиографија дека го знаел Бабунски од неговото детство, тие биле во истиот клас за време на неговото основно училишно образование. Мартулков исто така го знаел Димитриевиќ кога бил помлад и го посетил неговиот стан кога учел во велешката гимназија. После Илинденското востание Димитриевиќ бил одбран како директор на српското училиште во Велес. Мартулков бил против планот на ЦК на МРО поради тоа што нејќел да соработувал со противници на македонското национално движење.
Мартулков во неговите спомени истакнал како српската соработка со МРО било без смисла и дека тие планирале да формираат свој сопствен четнички институт слично како МРО. После неуспехот на востанието голем дел од револуционерните врски на МРО во Велес биле уништени, голема фракција се појавила помеѓу водачите на велешкиот округ за иднината на револуционерната организација. Главниот водач на велешкиот реон за МРО во тоа време бил Ангел Димов, поранешен соученик и другар на Александар Мартулков. Според Мартулков, Ангел Димов бил социјалист но кога се приклучил во МРО си го сменил неговиот политички став. Чорбаџискиот елемент на МРО сакале да превземат раководотство на велешкиот округ, главните водачи на тоа движење биле д-р. Петре Кушев и Андреја Чифчиристов, директор на градското велешко училиште. Заради фракцијата и борбата во Велес се формирале две различни раководителни тела кој се бореле да го надминат другото, Мартулков бил на страна на Ангел Димов но признал дека Петре Кушев и Чифчиристов имале поголемо влијание во градот. Заради големата вредност на Велес кон ЦК на МРО тие го пратиле македонскиот револуционер Ѓорче Петров со цел да ја стабилизирал состојбата помеѓу двете раководители.
Последните страници на поглавието е за разговорот помеѓу Ѓорче Петров и Алексо Мартулков, Мартулков бил поканет од Тодор Богданов во неговиот стан со Ѓорче Петров за да му ја соопштил ситуацијата. Ѓорче Петров рекол „Ве повикав при мене како претставители, едниот на социјалистите, другиот на „гемиџиите“, кои ги има достатачно во вашиов град и постојат одделно во организационен однос, но сте сила која не е без значение во нашиот национал-револуционерен живот и ние водиме сметка за вас и секогаш вашето содејство, што сте го давале на драга волја ни било драгоцено, и сега верувам оти и вие ќе ме потпомогнете во мојава мисија да й туриме крај на опасноста од фракционерната расправија, која зема застрашителни размери во нашиот град“. Мартулков прв одговорил „Ние, Ѓорче, и безрезервно и безусловно ќе ти содејствуваме за да успееш во твојата мисија. Ние исто така ја сфаќаме големата опасност од таа фракционерна борба и голема е нашата желба да може да се обединат силите за претстојните борби, што ќе бидат потешки, зашто и непријателите се намножуваат, а ќе се намножат и фронтовите“. Тие дискутирале цела ноќ, после две недели Ѓорче Петров успеал да најде компромиз помеѓу двете раководители и формирале една заедничка група. Кога го праќал Мартулков надвор од градот тој спомнал во неговата биографијата дека Ѓорче Петров признал со тоа што ако излегол од градот борбата за раководство повторно би се обновила и дека се грижел за идната на револуционерната организација.
Поглавје XIX
уредиКако што истакнал Ѓорче Петров на крајот на осумнаесетото поглавје, откако излегол од Велес борбата за доминација во велешкиот терен повторно се обновил. Мартулков во неговите спомени се пожалел за состојбата на регионот во тоа време, обвинувајќи ги врховистите како главните водачи на кризата. Борбата за контрола се засилила заради неуспехот на Илинденското востание. Во почетокот на март 1904 година чети од Бугарија почнале да се движат низ Македонија, пратени од Христо Татарчев, Христо Матов и од Борис Сарафов. Нивната главна цел била да собирале повеќе пари за да можеле да го продолжат револуционерното движење. Војводата Стефан Димитров бил назначен од Матов и Татарчев да го посетил градот Велес. Откако стасал двете групи кои се бореле внатрешно се обидувале да го убедат Димитров да им се придружи на нивна цел. Заради нивното стопанство и ум, Чорбаџиската подгрупа успеала да го убедат Димитров да соработувал со нив, но тој уште не си ги прекинал односите со Андон Димов, водач на другата подгрупа. Но тогашниот водач на Чорбаџиската група, д-р. Петар Кушев бил дел од бугарската армија и бил восхитен кон великобугарската идеа.
Заради тоа што го лечал велешкото население без некаква цена, д-р Петар Кушев станал поистакната и почитувана фигура од Андон Димов. Заради соработката помеѓу д-р. Петар Кушев и Стефан Димитров, движењето на следбениците на Андон Димов почнало да се ослабнува. Во истиот период во градот пристигнал втора војвода пратен од Борис Сарафов — Иван Аљабакот. Според Мартулков, Аљабакот бил популаран и восхитен меѓу велешкото население заради неговите дејства за време на Илинденското востание. Аљабакот, заедно со неговиот другар Андреј Димов родум од Велес, го ослободиле градот Крушево и со Никола Карев ја прогласиле Крушевската Република. Чорбаџиите како обид да го убедиле Аљабакот за соработка, се претставиле како „централисти“ додека нивните протовниците ги претставиле како „сарафисти“. Мартулков истакнал во неговите мемоари дека неможел да учествувал во поделбата помеѓу Кушев и Димов заради тоа што бил пратен да отиде кај Скопје од страна на Михаил Шуманов, професор кои бил во четата на Јане Сандански за време на аферата со мисионерката Мис Стон. Кога Мартулков пристигнал во Скопје тој се сретнал со Михаил Шуманов и Тодор Богданов.
Богданов и Шуманов го соопштиле Мартулков дека тие ќе организирале ново движење со цел да се ослободи Македонија и Одринско. Мартулков им се согласил со идеата но побарал да се смести во побезбедно место во Скопје поради тоа што во тоа време го барале полицајците. Шуманов го осигурил Мартулков дека тој е во безбедна состојба заради тоа што блиску соработувале со австрискиот конзул Пара, кој го владеел Скопје како дел од Мирцштешките реформи. На работе се сместил во кафичот „Вардар“ на Љубен Попов, подолу од црквата „Св. Богородица“. Во кафичот се собирале истакнати дејци од скопската интелигенција во тој период. Кога полицијата ги посетувале Мартулков би се преправал како келнер да го избегне сомнението на полицајците. Еден ден тие одлучиле да организираат средба во станот на д-р.Николов со потекло од Крушево, Михаил Шуманов, Иван Бардарев, Тодор Богданов, Стефан Поп Иванов родум од Кочани и Јордан Николов со потекло од Штип. Во средбата тие ја анализирале состојбата на Македонија и се обидиле да одлучат дали условите за засилена борба против интересите на империјалистите биле поволни, тие со помош од конзулот Пари почнале да организираат план за убиството на гроф Салидис, полковник од австриската армија.
Наводи
уреди- ↑ Institut za nacionalna istorija (1955). Материјали за историјата на Македонија. Институт за национална историја. стр. 1.
- ↑ Институт за национална историја. Турски документи за македонската историја. Научен Институт за национална историја на македонскиот народ. стр. 191.
- ↑ Булевард „Княгиня Мария-Луиза” од Столица.бг
- ↑ Vasil Giı̐uı̐Łzelev, Boris Cholpanov (1971). Бележити българи: 1878-1923: Дейци на работническото революционно движение, обществено-политически дейци, дейци на революционно-освободителното движение в Македония и Тракия, военни дейци. Държ. военно изд-во. стр. 543.
- ↑ Fox, Frank (2007). Bulgaria. стр. 69–70.
- ↑ Jin, Sangpil (2021). Surviving Imperial Intrigues, Korea’s Struggle for Neutrality Amid Empires, 1882–1907. University of Hawaii Press. стр. 19. ISBN 9780824889111.
- ↑ Sedgwick, Theodore (1889). The Three Germanys, Glimpses Into Their History. Walker. стр. 1203.