ФАРМАКОИНФОРМАТИВНИ ЦЕНТРИ

Вистинската улога на фармацевтот се состои во познавањето на сигурната и рационална фармакотерапија. Добивањето на информации за лековите, обезбедување на информации, како за јавноста, така и за здравствените работници од сите нивоа на здравствената заштита, претставува една од основните професионални одговорности на фармацевтите. Информациите за лековите можат да бидат наменети за посебни пациенти како интегрален дел од фармацевтската грижа или за останатата популација со цел да допринесат во донесувањето одлуки за рационална фармакотерапија и во евалуирањето на употреба на лекот.

За обезбедување на релевантни, ефикасни информации фармацевтите треба да ги проценуваат потребите за фармакоинформации од страна на пациентите и здравствените работници, да користат системски приод во упатувањето на потребата за фармакоинформации добиени со ефективно проценување на литературата и соодветно комуницирање. Најдобар начин да се воведе рационална терапија е преку организирана информациска мрежа, која континуиранно собира, чува, оценува и комуницира со погодна информација за лековите.

Фармацевстката грижа е дефинирана како: одговорна мерка за фармакотерапијата со цел да се постигне резултат кој ќе го подобри животниот пат на пациентите.

Енормниот пораст на лекови и информациите за несакани дејства и интеракции наложува лекарот и другите здравствени работници да бидат во тек со најновите случувања за да одговорат на потребите на своите пациенти и како резултат на тоа се јавува потребата за постоење на висока професионална институција, која ќе врши анализирање, евалуирање, интегрирање

и дистрибуирање на информациите за лековите и фармакотерапијата.

Фармакоинформативниот центар претставува високо професионален сервис

на здравствените работници од примарната, секундарната и терциерната

здравствена заштита и има за цел обезбедување објективни информации за лековите.

Финансирањето на фармакоинформативните центри може да биде од владини извори, од донатори, професионални асоцијации, универзитетски институции, фармацевстки институции и други организации. Специфичните должности што ги има раководното лице се: овластивање и одобрување на плановите и процедурите, обезбедување развојни програми за персоналот, обезбедување клиничка поддршка на персоналот, учество во активностите за евалуирање на квалитетот на работата, одржување на врски со други ФИЦ, клинички центри и други здравствени институции, унапредување на истражувачките активности, координација на професионална едукациија и друго. Другиот персонал треба да обезбеди рационална и ефективна распределба на временските барања во центарот.

Важен елемент за ФИЦ е системот на евалуација на работата, кој треба да биде систематизиран и ефикасен, а тој треба да биде објективен,

тековен и заснован врз клучните одговорности во работата.

Актуелните планови и процедури зависат од опсегот на услугите. Тие се поделени на: - Административен (набавка и одржување на средствата, набавка на финансиски средства, обука и ангажирање на персонал, реклама и контрола на квалитетот).

- Професионални (примање пораки и одговор на пораки, професионална едукација, издавање брошури, контрола на истражувачка употреба на лекови, разгледување на извештаите за контраиндикации).

Активностите на ФИЦ може да се поделат на три општи групи: услужна дејност, едукација и истражување.

1. Во услужна дејност спаѓаат: одговарање на прашања, евалуација на промотивниот и клинички испитуваниот материјал, издавање публикации.

а) Одговарањето на прашања претставува интегрален дел од секојдневната рутина на фармацевтите. Тие објективно ја проценуваат и применуваат информацијата од литературата и при тоа вннимателно го разгледуваат етичкиот и законскиот аспект на одговорот на барањето. При одговарање се даваат информации и совети, земајќи ги во предвид симптомите на болеста, дозирањето, фармакогенетиката на лекот, индикациите, несаканите ефекти, интеракциите и контраиндикациите. Целта е да се обезбеди точно и јасно презентирање на одговорот. За начинот на презентација на одговорот битно е да се знае за кој аудиториум е наменет. При подготовка на одговорот, фармакоинформатичарот ги евалуира информациите според:

- релевантноста на прашалникот;

- квалитетот на податоците;

- релевантноста на побарувачот.

Барањата и одговорите на пациентот се документирани во медицинско досие.

б) Евалуација на промотивниот и клинички испитуваниот материјал. Фармакоинформатичарите треба да ја утврдат важноста и прецизноста на сродните податоци за лекови, кои потекнуваат од рекламните материјали и клинички испитуваните документи.

ц) Издавања на публикации. Оваа активност се состои во евалуирање и дистрибуција на информации за примена на лековите во терапија, вклучувајќи ја ефикасноста, сигурноста и терапевтската улога. Со оваа активност центрите се насочени:

- кон евалуација на нови регистрирани препарати;

- промовирање на принципи за рационално препишување на лековите;

- следење на односот помеѓу ефикасноста на лековите и нивната цел;

- воведување и примена на есенцијална и болничка листа лекови;

- воведување на други приоритетни листи на лекови и стандардни терапевтски водичи.

Публикациите ќе бидат поефикасни ако ги следат принципите: да бидат ориентирани кон одредена цел, да се нагласуваат и повторуваат клучните пораки, да се освои вниманието со насловите и илустрациите, да бидат релевантни, да не се користат за комерцијални цели.

2. Едукативна дејност. Треба да се обезбедат програми за обука и едукација, кои ќе ги зголемат способностите на персонал за комуникација, пронаоѓање информации, собирање податоци и прецизно размислување. Целите се двонаменски:

а) Да се обезбеди обука за студентите по фармација за подобрување на основните способности за фармакоинформатиката, за да може да функционираат како ефективни извори и консултанти за лекови.

б) Да се обезбеди место каде што ќе се обучуваат здравствените работници.

Центрите треба да имаат носечка структура, а целиот персонал треба да стекне темелна обука во областите: патофизиологија, фармакоинформатика, клиничка фармакологија и друго, со што би се зголемиле нивните информативни способности.

3. Истражувачка дејност. Стручната и професионалната насоченост овозможува да се дадат веродостојни информации за лекот и рационална фармакотерапија. Рационалната фармакотерапија бара квантитативна проценка и критична оценка за дејството на лекот. За тоа неопходно е да се знаат основните механизми за дејството на лекот и фактори кои влијаат на судбината на лекот во организмот. Задачата за истражување е да се даде креативен придонес во областите на информативната практика за лекови, во развојот на политиката за лекови и во медицинскиот критериум. Може да утврдиме дека фармакоинформативните центри се ефикасни системи за координирано обезбедување и селектирање на информациите за лекови. Со напредокот на ФИЦ се добиваат клинички релевантни, современи, независни, безпредрасудни информации. Фармацевтите денес мораат да поседуваат знаења кои бараат интегрирање на информациите и искуствата за нега на пацинтите со што се овозможува донесување на компетентни одлуки за пациентот.


Фармакоепидемиологија

Како еден од централните јавно - здравствени методи, епидемиологијата мозе да се смета како науцен пристап (метод) за студиранје или анализа на болестите на лугето и воопсто здравствените проблеми.

епидемиологијата ги користи

- науцните методи - специфицни постапки за нумерицка евалуација и обсервација на болестите и рисиците

по здравјето

- за разлика од клиницката медицина и фармација (простап кон поединецот - пациентот), премет на обсервација се опсти или специфицни популациони групи

Во фармацијата - епидемиологијата ги користи овие методи за анализа на појавата и дистрибуцијата на употребата на лековите и со тоа врзаните проблеми (примена и во анализа на ефектите на лековите, клиницките тестиранја и др.).

Епидемиолозите ги категоризираат болестите или употребата на лековите по: време, место и лица (дали една болест или појава се менува во одредено време и на одредено место кај одредена популација), како една состојба - болест се менуца со цел да се воспостави механизам за нејзина превенција и контрола.

Фармакоепидемиологијата развива концепти и методи за процена на употребата на лековите (идентификација на потенцијалните или утврдените ризици при тоа).

новата улога на фармацијата е да ги унапреди способностите и механизмите на заедницата за употреба на лековите на оптимален нацин и во продолзение да спреци или ограници појава на несакани ефекти од лековите.

епидемиолоскиот метод во Фармакоепидемиологијата овозмозува теориска основа за испитуванје на изворите за снабдуванје со лекови, двизенјето на лековите низ популацијата, како и ефектите на поединци при употреба на тие лекови, а во поново време и нелегалната употреба и злоупотреба на лекови, или лековите како мозни предизвикуваци на болести.

Фармакоепидемиологијата во пракса е ориентирана кон истразуванје на изворот, дифузијата, употребата и ефектите на лековите кај популацијата, како и фреквенцијата и распространетоста на ресулатите од таа употреба.

Предмет на интерес е:

- сто е тоа сто се употребува ( кој тип на лек и во кој слуцај) - како се употребува (процена на нацинот на употреба, бклуцувајки колку,

каде и кога, и од кого)

- зосто се употребува (анализа на прицините за употреба на лекови улогата на лкеовите во опстеството) - проценка на потребите од лекови - согласно со вообицаената структура

на болести и епидемии

- планиранје на селекција, снабдуванје и дистрибуција на лекови