Концизни 48 закони на моќта
Концизни 48 закони на моќта (1998) е првата книга на американскиот писател Роберт Грин. Станува збор за меѓународен бестселер и водич низ современото општество. Се има продадено во повеќе од 1.2 милиони примероци само во САД. Многу познати рапери, претприемачи, славни личности и глумци, меѓу кои 50 Cent, Џеј-Зи, Кање Вест, Лудакрис, Крис Бош и Вил Смит многу ја ценат и ја уважуваат книгата.[1][2]
![]() | |
Автор | Роберт Грин |
---|---|
Земја | САД |
Предмет(и) | историја & теорија, социјална психологија |
Издавач | Икона ИК |
Издадена | 1998 (тврд повез); 2009 (превод на македонски) |
Страници | 212 |
ISBN | 0-670-88146-5 (HC); 978-1-59887-092-3 (CD) |
OCLC | 39733201 |
303.3 21 | |
Клас. КБ | BD438 .G74 1998 |
Заднина
уредиГрин за првпат формулирал некои од идеи за Концизни 48 закони на моќта додека работел како писател и сценарист во Холивуд. Забележал дека оние кои имале некаква моќ или власт во свои раце имаат одредени сличности со некои познати и моќни ликови од човековата историја.[3] Во 1995 година работел како писател во „Фабрика“, училиште за уметности во Италија, и таму се запознал со книжарот Јуст Елферс. Грин му ставил дознаење на Елферс дека сака да напише книга за моќта и по шест месеци, Елферс побарал од него да почне да работи на предлог за книгата.
Иако Грин не бил многу среќен со својата работа, сепак чувствувал некаква удобност и сигурност со неа. Сметал дека ќе му треба повеќе слободно време за истражување и за да напише еден добар предлог за книга, или со други зборови дека ќе мора да даде отказ за да би можел целосно да се посвети на својот нов кариерен пат.[4] Но, од друга страна, во тој период од својот живот, Грин, ја читал својата омилена биографија - онаа за Цезар и добил инспирација од одлуката на Цезар да ја премине реката Рубикон и да се бори против Помпеј, т.е. да ја предизвика Римската граѓанска војна.[4]
Резиме
уредиКонцизните 48 закони на моќта претставуваат еден вид на дестилација на моќта во последните 3.000 години од човечката историја и ги опишува животите на стратези и историски личности како на пример Николо Макијавели, Сун Цу, Карл фон Клаузевиц, Елизабета I, Хенри Кисинџер и Финијас Барнум.[5] Книгата има за цел да претстави како луѓето стекнуваат моќ, како ја задржуваат и како самите се бранат од моќните манипулатори. Секој глава содржи по еден закон, кој е опишано преку „Расудување на законот“, „Клучеви на моќта“ и „Слика“. Законите се:
|
|
Влијание врз културата
уредиКонцизни 48 закони на моќта има продадено 1.2 милиони примероци само во САД и е преведена на 24 јазици. Fast Company ја нарече „култна класика од огромни размери“, додека The Los Angeles Times упати на тоа дека со Концизни 48 закони на моќта, Роберт Грин станал „херој на цел еден култ, со обожаватели ширум хип-хоп културата, ширум елитата на Холивуд, па дури и во затворите во САД."[7][8][9]
Концизни 48 закони на моќта е книга која школите по бизнис и менаџмент задолжително ја имаат на своите списоци на книги за читање, а воедно е и најбараната книга по затворските библиотеки на САД.[3][10][11][12] Книгата ја имаат прочитано многу познати претприемачи, музичари, атлети и филмски ѕвезди. Дов Чарни, основачот на American Apparel, раздал стотици копии од книгата на своите пријатели и своите работници и често цитира некои од законите на своите бизнис состаноци (подоцна го вработил Грин во својот управен одбор).
50 Cent изјавил дека веднаш успеал да се поистоветува со книгата и му пришол на Грин со идеја за нивна потенцијална соработка, од што подоцна ќе произлезе книгата со имеПедесеттиот закон - уште еден бестселер.
Наводи
уреди- ↑ Tice, Carol. All’s Fair?. Entrepreneur. November 1, 2006.
- ↑ Bosh, Chris. Chris Bosh NBA Blog. NBA.com. April 10, 2007.
- ↑ 3,0 3,1 Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеCNN
. - ↑ 4,0 4,1 Perlroth, Nicole. Robert Greene on Power Ambition Glory. Forbes. June 16, 2009.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по име48lawsofpower
. - ↑ „The 48 Laws of Power abridged online version“. Архивирано од изворникот на 2010-04-05. Посетено на 2013-07-11.
- ↑ Грешка во наводот: Погрешна ознака
<ref>
; нема зададено текст за наводите по имеLATimes
. - ↑ Rastogi, Lavanya (2004), THE 48 LAWS OF POWER (PDF), Delhi Business Review, Посетено на 4 August 2012
- ↑ Bartley Kives (7/8/2012). „Wyatt the wild card“. Winnipeg Free Press. Посетено на 4 July 2012. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help) - ↑ „48 Laws of Power Syllabus“ (PDF). Millsaps College. Архивирано од изворникот (PDF) на 2011-03-01. Посетено на 2013-07-11.
- ↑ „The 48 Laws of Power Syllabus“ (PDF). Ramapo College.[мртва врска]
- ↑ Garner, Dwight. The Readers Behind Bars Put Books to Many Uses. The New York Times. October 19, 2010.
Надворешни врски
уреди- Моќ, заведување и војна Блогот на Роберт Грин