Конкорд (плоштад)

плоштад во Париз

Конкорд (француски: Place de la Concorde = „Плоштад на Слогата“) e најголемиот плоштад во Париз, Франција. Се наоѓа во центар на градот во 8-от ародисмент. Од него тргнува авенијата Елисејски Полиња и се протега сè до Триумфалната порта. По плоштадот Кинконс во Бордо, ова е најголем плоштад во Франција.

Плоштадот Конкорд виден од Мостот Конкорд со обелискот од Луксор.
Плоштадот Конкорд е толку простран, што најдобро се гледа од поголема далечина.

Историја

уреди

Плоштадот е дело на Анж Жак Габриел во 1755 година, како плоштад Луј XV, во вид на осумаголник. За време на Француската револуција, револуционерите го преименуваат во “плоштад Револуција” (Place de la Révolution). На него 1793 година е поставена гилотина. Тука во рок од две години се погубени 1119 лица,меѓу кои кралот Луј XVI, кралицата Марија Антоанета и Максимилијан Робеспјер. Плоштадот го красат и две фонтани (фонтана река и фонтана море) и осум женски фигури кои симболизираат осум француски града: Бордо, Лион, Марсеј, Брест, Нант, Стразбур, Лил и Руан.

На плоштадот Конкорд се наоѓа и древниот египетски обелиск, поставен 1836 година како подарок од египетскиот крал во знак на благодарност кон Жан-Франсоа Шамполион, за неговиот труд вложен кон дешифрирање на египетското хиероглифско писмо.

Надворешни врски

уреди