Отвори го главното мени

Конгрес на Петрова нива

Конгресот на Петрова нива е конгрес на Одринскиот револуционрен округ на Македонската револуционерна организација, заседавал на 28 и 29 јуни 1903 година.

ДелегатиУреди

На конгресот во месноста Петрова нива, близу до Мало Трново, присуствувале околу 300 души делегати и гости: војводи, четници, легални дејци и други. Конгресот со својата работа започнала на 28 јуни под претседателство на Васил Пасков.

 
Четата на Лазо Лазов кај селото Герге бунар на пат за конгресот
 
Спомен плоча за конгресот

За подпредседател бил избран Велко Думев, а за секретари: Христо Силјанов и Атанас Разбојников.

Општо присуствувале 47 делегати од кој најголемиот дел биле од Малотрновската околија. Голем дел од одринските реони и околии немале свои преставници, а областа западно од Марица имала само еден делегат - Христо Караманџуков од Ахчелебиската околија [1].

РешенијаУреди

На овој окружен конгрес било разгледано прашањето за кревање на востанието.

По оваа прашање се судриле две групи, една која била за востание, а другата била против кревање на востание во овој момент, но по дискусиите на сите им било јасно дека Внатрешната организација веќе неповратно се одлучила за востание и затоа на делегатите не им останало ништо друго освен да го потврдат само решение.

Решението за востанието било потврдено откако бил разгледани проблемите како недостатокот на оружје и различноста во подготвеноста на оделните околиски револуционерни комитети.

Конгресот ја завршил својата работа на 29 јули откако било забележано доаѓањето на турски аскер [1].

ИзвориУреди