Комитет на дезертери
Комитет на дезертери (турски: Asker Kaçakları Komitesi) — комитет формиран од велешките социјалисти Алексо Мартулков и Јордан Шурков за време на првата светска војна. Комитетот бил формиран со цел да им помогне на ранетите Македонците, кои дезертирале од српската војска, да се префрлат во Царството Бугарија за безбедност. Според спомените на Алексо Мартулков, комитетот успеал да обезбеди превоз за над 2.500 дезертери, други проценки сметаат дека околу 4.500 дезертери биле префрлани. Заради успехот, втора подгрупа била формирана, позната по прекарот „Турскиот комитет“. Турскиот комитет ја имал обврската да префрлa Македонски Турци од српската армија во Бугарија. Групата отворила станици во различни градови низ Западна и Источна Македонија но најголемите биле во Велес, Пехчево, Штип и Охрид.
![]() Стара панарама на градот Велес | |
Основана | август, 1914 |
---|---|
Укината | јануари, 1915 |
Правен статус | Укината |
Цел | Префрлување на дезертери од српската армија во Бугарија |
Седиште | Велес, Кралство Србија |
Основачи | Алексо Мартулков Јордан Шурков |
Број на префрлани дезертери | +4.500 дезертери |
Комитетот станал познат меѓу народот брзо откога бил формиран, како резултат од тоа тогашната српска власт вложила строги мерки да ги уапсиле главните водачи на префрлувањето. После неколку месеци во декември 1914 година Алексо Мартулков, Јордан Шурков и други високи членови биле уапсани, но тие продолжиле со префрлувањето на војници со помош од турскиот комитет кои не бил укинат. Во јануари 1915 година последните канали на комитетот биле затворени и некои учесници и организатори во комитетот биле мачени или убиени. Комитетот успеал со нејзината цел но дел од нејзиниот успех бил уништен со вклучувањето на Бугарија во првата светска војна и нивната окупација на Србија. Комитетот имало големо влијание врз регионот и за време на идни војни слични комитети биле формирани. Според Димитар Галев, историчар од Струмица, комитетот го заслужил епитетот на најорганизирано тело од ваков вид на просторот на целата област.
Потекло
уредиМобилизираните Македонци, без потребна припрема, беа фрлани да се борат во прва борбена линија. За кого?! Може војната да беше популарна и оправдана за српскиот народ. но за нашиот народ таа беше тежест. За туѓи интереси ние станувавме месо на австриските топови.
— Алексо Мартулков, Спомени
Во 28 јуни 1914 година австрискиот принц Франц Фердинанд го посетувал градот Сараево, дел од тогашната Австроунгарска држава. При неговата посета некои српските активисти од националистичката организација Млада Босна како Трифко Грабеж, Гаврило Принцип, Недељко Чабриновиќ и Мухамед Мехмедбашиќ го организирале атентатот врз австроунгарскиот принц. Смртта на Фердинанд имало големи последици меѓу односот на тогашното Кралство Србија и Австроунгарија. Во 23 јули владата на Австроунгарија пратила ултиматум за српската влада, тие во 25 јули го одбиле. Заради одбивањето на ултиматумот во 28 јули 1914 година почна првата светска војна кога воздушната сила на Австрија го бомбардирале градот Белград. Во мемоарите на Алексо Мартулков, тој спомнал како ултиматумот на Австроунгарија била невозможна за исполнување, и ако го прифатила Србија би ја претворила државата во австриски вазал.
Во тој период Алексо Мартулков бил назначен како професор во селото Америќ, Белградски област. Но селото брзо се претворило како дел од ужасниот воен фронт и заради тоа Мартулков одлучил да престојува во Велес. За тоа време тој истакнал како двајца доброволци се пријавиле во српската армија за воено учество. После неколку недели српската армија почнала да регрутира велешани за воено учество, според Мартулков, тие од прво регрутирале луѓе меѓу 18 и 20 годишна возраст но брзо го прошириле до 30 и 40 годиншна возраст. Алексо Мартулков бил против мобилизацијата на македонското население поради тоа што во тогашните српски весници нивното пожртвување било злоупотребно за ширење српска пропаганда во Македонија. Тие кои загинале во борбите биле претставени како „храбри јужносрбјанци“. Покрај крајот на јули Мартулков добил телеграм порака од неговиот другар, исто така социјалист, Јордан Шурков да го посетил градот Скопје за да ја виде ужасната ситуација.[1]
Во тоа време состојбата на Скопје била полоша заради бомбардирањето на австриските воздушни сили. Во Скопје забележил Мартулков како имало протести од Македонците во градот против војната. Заради тоа што Скопје бил голем град со повеќе мобилизирани Македонци, тие биле првите градови во Македонија кои добиле новости за смртта и заробувањето на македонските војници. Кога пристигнал кај станот на Јордан Шурков тој ја открил конкретната причина зошто Шурков побарал да го посети Мартулков. Во дневната соба на Шурков биле двајца ранети војници — другари на Мартулков кои биле дел од мобилизацијата на српската армија, тие биле Кочо Бандиков и Петре Хаџи Ничов родум од Велес. Тие биле донесени за лекување во Скопје со наредби да се вратат во фронтот откако оздравиле, но тие нејќеле да си го ризикуваат животот за странски држави. Двајцата го помолеле Мартулков за како да постапиле во ваква ситуација.[1]
После долг ноќовен разговор со неговите другари и Јордан Шурков, Мартулков одлучил да им помогне да се префрлат во Бугарија за да ја избегнеле српската мобилизација. Тие се договориле со следниот план: откако биле испишани од болницата и дадени наредбата да се вратат кон фронтот, тие би патувале кон Велес каде Мартулков би организирал превоз кон Бугарија. Неколку дена после средбата неговите другари го посетиле Мартулков во неговиот стан во Велес, и тој со помош од Македонски Турчин од Тетово им дадол лажни турски пасоши за неговите другари за преминувањето на македонската-бугарска граница. Мартулков во неговата автобиографија истакнал како случајот помогнал со поставувањето на основните темели на комитетот. Во почетокот на август 1914 година Мартулков заедно со Јордан Шурков, Никола Војницалев, Мишо Николов, Никола Јанчев, Георги Богданов и Лазар Белештев организирале конференција во Велес со цел да се договориле за иднината на македонскиот народ како дел од првата светска војна.[1]
Основачка конференција
уредиЗастапував гледиште да се создаде едно „експедиторско друштво“ за организирање на масовно дезертирање од српската армија и префрлување на дезертерите во Бугарија.
— Алексо Мартулков, Спомени
Во конференцијата дискутирале различни теми, како бројот на мобилизирани се зголемувало додека бројот на Македонци кои нејќеле да учествуваат во војната и фронтот се зголемувало. За судбините на македонските војници кои си го пожртвувале животот за странски држави. Тие неможеле да продолжат со нивното набљудување — требало некакви мерки да превземале. Во конференцијата главната тема на дискусија била формирањето на комитетот, Јордан Шурков заедно со неговите другари сметале дека најсоодветниот начин на организирање отпор против мобилизацијата би било обновувањето на Македонската револуционерна организација и да се формирало вооржени чети. Четата ќе биле составени од војводи и дезертери, после неколку дена во четата дезертерот ќе бил префрлан во Бугарија. Со четите Шурков планирал истовремено да ја саботажира српската окупација на Македонија, планот бил популарен меѓу претставници во конференцијата но главниот отпорник на планот бил стариот македонски социјалист Алексо Мартулков.[1]
Алексо Мартулков сметал дека условите за обновувањето на Македонската револуционерна организација и материјалите за формирање на чети биле неопходни. Тој се грижел за можноста дека ако формирале таква институција тогаш српската влада би користела посурови мерки за да ја спречи организација, како индиректен резултат од тоа со посурови мерки македонското население би страдало повеќе. Мартулков исто така сметал дека после неколку месеци организацијата би се проширила во толкаво ниво што би било тешко да се подржи со материјални средства. Заради тоа Мартулков предложил формирање на таканаречено „експедиторско друштво“ кое би организирало превозни канали за префрлување на македонски дезертери од српската армија во Бугарија. Мартулков го користил случајот со неговите другари Кочо Бандиков и Петре Хаџи Ничов како пример. После неколку часа дебатирајќи, идеата на Мартулков била прифатена и комитетот бил формиран. Првиот канал на организацијата била од Велес до Штип, го формирале каналот со помош од македонски револуционери како Марко Чакар, Петре Оризарчето и Трајко Ракот.[1]
Дејство
уредиКомитетот бил многу успешен во своите мисии и повеќе луѓе биле преместени во Бугарија безбедно, тие главно биле преместени во градот Струмица, бидејќи градот во тоа време било дел од Бугарија како резултат од поделбата на Македонија во 1913 година. Поради тоа таа била најблиската бугарска територија до Велес, нивниот главен пат поминал низ Штип, а потоа се подели на повеќе правци. Некои патеки биле од Штип до Радовиш, некои патувале до Кратово или Крива Паланка. Тоа зависило од колку слободен бил патот. Според Мартулков во првите денови успеале да евакуираат повеќе групи со околу 50, 100 и 150 лица редовно испратени во Струмица. Поради овој огромен број луѓе, српската влада брзо дознала за активностите на Мартулков и Шурков, но не знаеле кои патишта ги користеле или кои биле главните организатори на дезертирањето.
Еден од најстарите подгрупи на комитетот бил Радовишката околија, околијата ја зафаќала денешна Општина Радовиш и Општина Струмица. Најкористениот патен превоз кога ги префрлувале дезертерите било преку Велес-Штип-Радовиш-Струмица-Петрич. Претставувала еден од поорганизираните околии но била првата откриена и уништена од српската власт, во октомври 1914 година српската власт ја открива операцијата во Радовиш и го уништува подгрупскиот комитет и нејзините членови биле уапсани, меѓу нив се Коце Пецин, Туше Теохаров, Таше Дацев — стар револуционер и поранешен член на МРО, при револуционерното движење Гоце Делчев престојувал во неговиот дом, Петар Газепов, Илија Зафиров, Андон Мазев, Глигор Бујуклиев, Тодор Калајџиев, Туше Бораниев, Глигор Кршков и многумина други. По уништувањето на подгрупниот комитет бил известен Христо Симеонов — војвода и поранашен деец во МРО со потекло од Струмичко. Тој со неговата чета влегле во базата на комитетот во Радовиш и ги префрлиле останатите членови преку границата со Бугарија во Петрич, голем дел од префрлените биле жени.[2]:537
На тие водачи кои биле уапсани и затворени, нивните услови биле ужасни. Српската власт вршела сурова тортура врз преставниците на комитетот со цел да добиле признанија и информации. Петре Газепов бил закачен на чингели и така бил лулан со ортома прикачена на таванот на турското турбе. Друг документиран случај е со Глигор Кршков, тој бил измачен и заради големата болка неможел да ја издржил и одлучи да се самоубие. Жандармите негово мртво тело го парчосале со ножеви. Други затвореници исто така се самоубиле како резултат од суровото мачење. По оваа провала, во Радовиш, околинските власти затвориле од градот и од селата вкупно 59 души. Додека бројот на тепани и осакатените било многу поголем. Иако каналот бил уништен прво, тие уште сепак успеале да организираат превоз за многумина Македонци од српската армија. Според проценките на Димитар Галев тие префрлиле над 600 војници со потекло од Радовишкиот реон од српската армија во Бугарија.[2]:537-538
Кратовската околија била составена од денешна Општина Кратово, Општина Пробиштип и дел од Овче Поле и Општина Делчево. Комитетот имало големи успеси заради нивната близина до бугарската граница. Според некои проценка над 1.000 жители од Кратовската околија ја дезертирале српската армија и се преселиле во Струмица, тогаш дел од Царството Бугарија. Во некои села целосно се преселило машкото население, кога српспката власт откриле за кратовската околија тие превземале строги мерки. Според некои сведоци во селата без присуство на машко население тие ги тепале и мачеле жените и децата. Српската власт сметале дека тие се криеле во селата или градови и дека уште биле во Србија. Бројот на дезертери преку Кратовската околија се зголемило за време на Овчеполскиот пунт. Бунтот успеал да ја прикаже неспособноста на српската власт со мобилизирањето на македонското население. Пред формирањето на комитетот на дезертери сличен бунт се појавил во Крагуевац исто така организиран од мобилизирани Македонци кои нејќеле да се бореле за странски сили.[3]
Само во првите неколку месеци Мартулков и неговата група успеале да евакуираат околу 1.500 дезертери од градот Велес, но голем дел од дезертери не постигнале успех во нивниот нов живот во Бугарија. Според магистарот Кирил Цацков во неговото дело „Штипскиот регион меѓу двете светски војни 1918 -1941“ тој забележал како повеќето од Штипјаните кои учествувале во евакуациите и успешно се преселиле во Струмица или во други делови во Бугарија ретко имале среќа со успех и често страдале од дискриминација на новата бугарска територија која ги негирала нивните етнички идентитет и биле претставени како бугарски емигранти од Српска Македонија во бугарските медиуми.[4] Во тоа време, Мартулков и другите водечки членови на комитетот почнаа да се сомневаат за можни закани. Поради ова, тие планирале да се преселат во Бугарија веднаш штом ќе бидат фатени со помош од една чета која ќе им помогнала на безбедувањето на патот за да не бидат убиени од српската војска, но овој план никогаш не бил исполнет.[1]
Уништувањето на комитетот
уредиНо, комитетот конечно бил откриен од тогашната српска администрација поради една грешка од Мартулков. Еден ден додека работел, во неговата куќа влегле 5-6 посетители од Кавадарци и тие побарале да бидат префрлани во Бугарија. Но во тоа време Мартулков не знаел дека меѓу групата бил и неговиот зет кој соработувал со српската администрација како шпион. Откако Мартулков го открил тој бил сомнителен кон него и затоа ги испратил кавардарчаните дома, но неговиот зет веќе открил за комитетот и во истата вечер го пријавил во српската влада. Следниот ден додека Мартулков бил заедно со Шурков во велешкиот кафич „Адата“ ги посетил српскиот полицаец Драгомир кој набргу потоа го уапсил Мартулков. Но, полицаецот истакнал дека бил уапсан поради тоа што не ги пријавил 5-6 гости претходниот ден со цел да го убедил дека неговиот комитет не е откриен. Но, Мартулков брго сфатил за ситуацијата и за судбината на комитетот, но не можел на никому да каже бидејќи бил затворен за 30 дена.[1]
Со уапсувањето на главниот водач на комитетот, не поминало долго време пред да бидат уапсени и останатите водечки членови. Според Мартулков за помалку од една недела биле уапсен секој виден член, меѓу кои биле Јордан Шурков, Никола Војницалиев, Никола Јанчев, Ѓорѓи Богданов, Петре Кучукот, Никола Панов, Мишо Николов, Лазо Белештевецот и многу други. Никој од нив не признале дека се дел од организацијата и покрај тоа што биле измачени и тепани од српските полицајци. Единствениот кој признал е Мишо Николов, но тоа не било доволен доказ за да ги затворат останатите уапсени членови. Според Мартулков, тие собирале докази од сведоци особено од врховистот Кочо. Но нивните сведоци не биле доволен доказ поради тоа што сведоците само го потврдиле постоењето на комитетот, а не нејзините водачи. И покрај тоа што биле затворени, тие сè уште имаа надворешен контакт и продолжија да организираат префрлувања на повеќе дезертери. Ограничениот контакт го искористија за да го предупредат турскиот комитет за уапсувањата на српската влада.[1]
Покрај нивните предупредувања, водечките членови на турскиот комитет исто така биле уапсени, но поради тоа што имале добри сведочни докази дека не биле дел од комитет, тие биле ослободени после две недели. Мартулков и Шурков почнале тајно да ги контактираат водачите на турскиот комитет и им побарале да го исполнат преместувањето на македонските дезертери. Поради тоа, во последниот месец на комитетот, таа ефективно била управувана од Македонските Турци. Тие користеле некои од нивните тајни патишта од турските села во Источна Македонија за да помогнат во префрлањето на Македонците во Струмица. Последната група на македонски дезертери била испратена во јануари 1915 година, околу Божиќ со вкупно 1.000 македонски и турски дезертери во истата група. Но, за време на нивното патување до Струмица и бугарската граница, тие биле откриени од српската војска и повеќето од нив биле убиени, мал број од дезертерите успеале успешно да ја преминат бугарската граница, а повеќето биле насилно вратени во српската војска. По тој случај комитетот бил укинат поради тоа што сите негови главни патишта биле уништени од српската војска.[1]
Список на некои од бегалците
уредиРадовишка и Неготинска околија
уредиБрој | Име и презиме | Белешки | Родно место |
---|---|---|---|
1 | Тодор Грбулов | Радовиш | |
2 | Коло Гудин | Го користел каналот Штип-Радовиш | |
3 | Иван Нацев | Убиен при дезертирање | Покрајчево |
4 | Танчо Илиев | Избегнал но повторно бил мобилизран втор пат | |
5 | Тушо Лазаров | Емигрирал во Струмица | Подареш |
6 | Спасо Коцев | Сулдурци | |
7 | Јован Трајков | Зврзан и чуван под стража во с. Ињево, откако бил одврзан побегнал во шумата | |
8 | Трајан Коцев | Убиен при дезертирање | |
9 | Зафир Ефтимов | Емигрирал во Струмица | |
10 | Андон Митев | Емигрирал во Бугарија | |
11 | Каце Анев | Емигрирал во Струмица | Воиславци |
12 | Ристоман Анев | ||
13 | Глигор Илиев | ||
14 | Тодор Димов | ||
15 | Илија Ефтимов | ||
16 | Анастас Христов | ||
17 | Камче Штрбев | ||
18 | Стојан Јованов | Радичево | |
19 | Тане Ефтихмов | Дукатино | |
20 | Туше Ефтимов | ||
21 | Трендо Малинов | ||
22 | Мичо Петров | ||
23 | Мило Поцков | ||
24 | Нојко Карамнов | ||
25 | Глигор Стојанов | ||
26 | Васил Стојанов | ||
27 | Лазаринка Подарешка | ||
28 | Милчо Јакимов | Ново Село | |
29 | Атанас Јованов | ||
30 | Стамен Донев | Ораовица | |
31 | Темелко Арсов | Емигрирал во Струмица | Шаинташ |
32 | Андон Ристоманов | Убиен при дезертирање | |
33 | Гаврил Ристов | ||
34 | Веселин Тасев | Лубница | |
35 | Марко Аџиев | Емигрирал во Струмица | |
36 | Георги Георгиев | дезертирал но бил фатен | Погулево |
37 | Петруш Зафиров | Убиен при дезертирање | Раклиш |
Навод[5] |
Малешевска и Делчевска околија
уредиБрој | Име и презиме | Белешки | Родно место |
---|---|---|---|
1 | Никола Фиданов | Убиен при дезертирање | Берово |
2 | Глигор Прдлев | Убиен при дезертирање блиску до бугарската граница | |
3 | Илија Кофчегарски | Убиен при дезертирање во с. Мачево | |
4 | Ефтим Сасански | Пехчево | |
5 | Никола Цеков | ||
6 | Ефтим Петрушов | ||
7 | Димитруш Секулов | ||
8 | Глигор Мираншчиев | ||
9 | Јангел Копушев | ||
10 | Јован Димов | ||
11 | Димитар Самарџиев | Смојмирово | |
12 | Коло Тагарски | ||
13 | Гаврил Трошански | ||
14 | Димо Попов | Умлена | |
15 | Георги Вазлиев | Убиен при дезертирање | |
16 | Трендафил Постолов | ||
17 | Јован Шатев | ||
18 | Гаве Манин | ||
19 | Милуш Попов | При дезертирање наместо да оди во Бугарија, се врати дома и бил убиен | Негрево |
20 | Анастас Џефов | Нов Истевник | |
21 | Костадин Петков | Запленет на Австроунгарскиот фронт при дезертирање | Стар Истевник |
22 | Велин Ангелов | ||
23 | Христо Чукаров | ||
24 | Заро Орлов | Убиен при дезертирање | |
25 | Величко Попов | Нов Истевник | |
26 | Васил Магарештаров | Будинарци | |
27 | Геро Кантуров | ||
28 | Мите Спасин | ||
29 | Миле Кушов | Впадимирово | |
30 | Митко Икин | ||
31 | Трајчо Кушов | ||
32 | Коле Зрлев | ||
33 | Тимо Бошначки | ||
34 | Коле Мирчев | ||
35 | Серафим Гуров | ||
36 | Сава Фичорски | ||
37 | Фроса Раопашкова | ||
38 | Владимир Едровски | ||
39 | Пано Шуперлиев | ||
40 | Стоил Стојанов | Неговата жена била уапсена и мачена од српската армија со цел да го убедиле да се врати назад | Македонска Каменица |
Навод[6] |
Гевгелиска, Дојранска и Валандовска околија
уредиБрој | Име и презиме | Белешки | Родно место |
---|---|---|---|
1 | Кирил Панов | Убиен при дезертирање | Дојран |
2 | Димчо Кадиев | ||
3 | Коста Тунев | Николиќ | |
4 | Коло Кицев | ||
5 | Коло Тошев | ||
6 | Мито Танев | ||
7 | Христо Гајдаџиев | ||
8 | Андон Галов | Неговата жена била уапсена и мачена од српската армија со цел да го убедиле да се врати назад | Фурка |
9 | Атанас Танев | ||
10 | Петруш Сапунџиев | ||
11 | Филип Прошев | ||
12 | Вашил Џоков | ||
13 | Христо Колев | Собри | |
14 | Ефтим Колев | ||
15 | Јане Калојанов | ||
16 | Гоне Донев | ||
17 | Пано Томов | ||
18 | Атанас Абдулев | Убиен при дезертирање во с. Костурино | Богданци |
19 | Христо Каракалашов | ||
20 | Таше Ресов | ||
21 | Јордан Каракалашов | ||
22 | Теохар Гошев | ||
23 | Дино Аврамчев | Стојаково | |
24 | Ристоман Узунов | ||
25 | Кирил Влаов | ||
26 | Мито Кировче | ||
27 | Христо Капсаров | ||
28 | Мито Сапламаов | ||
29 | Христо Салламаов | ||
30 | Динко Карагошев | ||
31 | Мито Каракошев | ||
32 | Коло Арнаутов | ||
33 | Гончо Арнаутов | ||
34 | Анго Пејов | ||
35 | Христо Брламов | ||
36 | Гончо Брламов | ||
37 | Иван Брламов | ||
38 | Мито Гурето | ||
39 | Гоне Челов | ||
40 | Мило Гошев | ||
41 | Алекса Бајалцелиев | ||
42 | Араштир Брзанов | ||
43 | Петре Брзанов | ||
44 | Дино Арвулов | ||
45 | Христо Узунов | ||
46 | Кирил Алаов | ||
47 | Анго Арнаудов | ||
48 | Филип Зајков | Трчитсе (?) | |
49 | Кара Томе | ||
50 | Вашил Алацајков | Смоквица | |
51 | Петра Калкатронова | ||
52 | Христо Оџов | Прдејци | |
53 | Тимчо Станков | Кованец | |
54 | Георги Кирилов | Убиен при дезертирање | Ѓавото |
55 | Андон Попов | ||
56 | Мици Мицоров | Серменин | |
57 | Илија Решов | ||
58 | Стојче Чочков | ||
59 | Попето Смоквички | ||
60 | Јанко Уоков | ||
61 | Соас Мечев | ||
62 | Динка Ичев | ||
63 | Божин Јованов | Ума | |
64 | Коте Трајков | ||
65 | Ризо Прошев | ||
66 | Јован Прошев | ||
67 | Аврам Димитров | ||
68 | Коце Кукушев | Чардаклија | |
69 | Димче Стефанов | Ново Село | |
70 | Ванчо Гогушков | Долно Трогерци | |
71 | Гошо Оцедаров | ||
72 | Тоде Јованов | Таринци | |
73 | Ѓошо Кавалски | ||
74 | Трајан Тарински | ||
75 | Моне Василев | Љуботен | |
76 | Огнан Тренчев | Кошево | |
77 | Јорде Каров | ||
78 | Дадил Георгиев | ||
79 | Салтир Георгиев | ||
80 | Христо Томов | ||
81 | Никола Карадинов | ||
82 | Иван Варадинов | ||
83 | Стојан Ласков | ||
Навод[7] |
Кочанска и Виничка околија
уредиБрој | Име и презиме | Белешки | Родно место |
---|---|---|---|
1 | Горо Донев | Полаки | |
2 | Христо Велков | ||
3 | Стојан Гаурски | Тркање | |
4 | Коцо Крцков | ||
5 | Мите Донев | Грдовци | |
6 | Лазар Христов | ||
7 | Спиро Симеонов | ||
8 | Исаија Митев | ||
9 | Стојан Атанасов | Ново Село | |
10 | Мите Атанасов | ||
11 | Коце Митев | ||
12 | Павле Арсов | Убиен при дезертирање | Уларци |
Навод[8] |
Наводи
уреди- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 1,6 1,7 1,8 Мартулков, Алексо (1954). . Моето учество во револуционерните борби на Македонија. Скопје: Институт за национална историја.
- ↑ 2,0 2,1 Галев, Димитар (1991). Белиот терор, во југоисточна Македонија 1912-1941 год., книга прва (PDF). Штип: Друштво за наука и уметност.
- ↑ Галев, Димитар (24 ноември 2010). „Теророт во Пробиштипска (Злетовска) и Царевоселска околија (5)“. Македонска нација.
- ↑ Цацков, Кирил (1998). Штипскиот регион меѓу двете светски војни 1918 -1941 (PDF). УКИМ. стр. 27.
- ↑ „МОБИЛИЗИРАНИ ОД РАДОВИШКА И ОД НЕГОТИНСКА ОКОЛИЈА“. Македонија под српска окупација. 25 февруари 2007.
- ↑ „МОБИЛИЗИРАНИ ОД МАЛЕШЕВСКА И ЦАРЕВОСЕЛСКА ОКОЛИЈА“. Македонија под српска окупација. 23 февруари 2007.
- ↑ „МОБИЛИЗИРАНИ ОД ГЕВГЕЛИСКО-ДОЈРАНСКА И ОД ВАЛАНДОВСКА ОКОЛИЈА“. Македонија под српска окупација. 21 февруари 2007.
- ↑ „МОБИЛИЗИРАНИ ОД КОЧАНСКА И ВИНИЧКА ОКОЛИЈА“. Македонија под српска окупација. 19 февруари 2007.