Вашингтон

главен град на САД
(Пренасочено од Колумбија (округ))

Вашингтон (анг: Washington, D.C.) — главен град на Соединетите Американски Држави. Името го добил по првиот Претседател на Соединетите Американски Држави. Се наоѓа во Федералниот округ Колумбија (District of Columbia односно „D.C.“), специјална област која не е сојузна држава. Градот и округот се наоѓаат на бреговите на реката Потомак и граничат со државите Вирџинија (на југозапад) и Мериленд (на север, исток и југ). Градот е испланиран и изграден кон крајот на XVIII век за да служи како главен град на државата, а федералниот округ е основан за да го одвојува главниот град од државите. Од 1800 година, Вашингтон e дом на сите три гранки на Владата на САД: Конгресот, Претседателот и Врховниот Суд. Градот исто така е дом и на Светската банка, Меѓународниот монетарен фонд и Организацијата на американските држави. Бидејќи е дом на Претседателот и е значаен за политиката на САД, во градот многу групи одржуваат демонстрации и протести, најчесто во националниот парк, голем парк со многу споменици и музеи. Многуте споменици го прават Вашингтон популарно туристичко место.

Вашингтон
Washington, D.C.
Официјално знаме на Вашингтон
Официјално знаме на Вашингтон

Знаме
Официјален грб на Вашингтон
Грб
Mестоположба
Mестоположбата на Вашингтон
Mестоположбата на Вашингтон
Местоположба на Вашингтон, во однос на државите Мериленд и Вирџинија
Координати

38°53′42.4″N, 77°02′12.0″W

Општи податоци
Име
- изворно
Вашингтон
  Washington, D.C.
Прекар DC, The District
Мото
- изворно
Правда за сите
  Justitia Omnibus (Justice for All)
Основан 16 јули 1790
Повикувачки број 202
Портал www.dc.gov
Управа
Земја САД САД
Федерален округ Колумбија
Градоначалник Адријан Фенти (Д)
Географија
Површина
- копно
- вода
177 km²
159
18
Надморска височина 0–125 m
Население
Население 581 530 жители
година:
Густина 3 481 ж./km²

Градот го добил името по Џорџ Вашингтон, првиот претседател на САД.

Белешки

уреди

Надворешни врски

уреди