Колешински водопад

Колешински водопад — водопад сместен во југоисточниот дел на Република Македонија, на северните падини на планината Беласица, во долниот тек на реката Баба, на надморска височина од 500 м.

Колешински водопад
Kolešino Waterfall 2018 (1).jpg
Поглед на Колешинскиот водопад
МестоБаба, Беласица, Општина Ново Село
Највисок слап15 м

Се вбројува меѓу највисоките водопади во Македонија со височина од 15 м, со широчина на падот од околу 6 м. Според постанокот тој е тектонски водопад, создаден во гранитни камења. Спротиводно од Колешинскиот водопад, на оддалеченост од околу 100 метри се наоѓаат уште неколку помали водопади распоредени во низа, високи од 2 до 4 метри, кои припаѓаат на неговиот централен слив.

Со покачувањето на температурите расте и бројот на гостите кои секојдневно доаѓаат овде. Во просек колешинските водопади дневно ги посетуваат помеѓу 400 и 500 туристи, а за време на викендите ова бројка е двојно поголема.

Сабота и недела за време на викендите таа бројка може да достигне некаде до 1.000 туристи, а кога би имало сместувачки капацитети тоа би било многу повеќе бидејќи и во работните денови би останеле гостите тука. Накратко кажано потенцијал за развој на туризмот веќе постои - вели Петар Спасов, градоначалник на општина Ново Село.

ГалеријаУреди

Надворешни врскиУреди

Координати: 41°22′07″ N; 22°48′25″ E / 41.3686° N; 22.8069° E / 41.3686; 22.8069 (Колешински водопад)